Offside

„Само да ме гледаш и ќе се измориш од моето темпо. Од сала не сум излезен“, вели Јован Шапе, неуморен борец кој душата ја дава за одбојката и кој маршира силно паралелно и во женска и во машка конкуренција. Полн со ентузијазам, желба и љубов за спортот во кој е сè. Медалите не се бројат.

Друг агол од инцидентот со Винисиус

Бразилецот синоќа го реши победникот и со еврогол му донесе триумф на Реал Мадрид против Бенфика 0-1 на гости. Ќе има реванш, а до тогаш ќе се зборува за инцидентот меѓу Винисиус и Аргентинецот Престијани. Ѕвездата на Реал откако постигна гол играше провокативно пред корнер знаменцето пред домашните навивачи. Потоа дофрлаше нешто до играчите на Бенфика па Престијани му врати прекриен со дрес. Винисиус пријави расизам па мечот беше во краток прекин.

Отаменди и Винисиус си ги мереа титулите

Винисиус: Јас имам две титули во Лига на шампиони. Отаменди: Да, ама види тука, јас сум светски шампион.

Србин и Хрват со лекција за обединување

Петар Пејиќ и Марко Ивковиќ застанаа еден наспроти друг како ривали на ММА меч, а се разделија како пријатели. Српскиот и хрватскиот борач си ги разменија дресовите и покажаа дека спортот не познава поделби. Коментаторот се воодушеви.

Еврогол на Винисиус и прекин поради расизам, Јувентус декласиран во Истанбул

Јувентус доживеа историски дебакл од 5:2 на гостувањето кај Галатасарај каде речиси пола час играше со играч помалку. Реал Мадрид ја совлада Бенфика 0-1 со гол на Винисиус кој набрзо потоа излезе од терен поради наводен расизам од страна на Аргентинецот Престиани. Мурињо доби црвен картон во финишот.

Бекам + Карлос = уметност

Да не знаеш дали е појак голот или асистенцијата.

Фото на денот

Пред 16 години, во 2010-та година фотографот Горазд Кавчиќ од Словенија направил фотографија која денес е култна. На неа се 17-годишниот Петер Превц, 13-годишниот Цене, 10-годишниот Домен и 4-годишната Ника Превц. Ова најславно семејство на скијачки скокови до денес освои 10 олимписки медали. Само во Милано и Кортина 2026 фамилијата Превц освои пет медали од кои дури три златни.

Како Јокиќ за малку го избегна Обама?

Никола Јокиќ свесно одбра заедно со Лука Дончиќ да не се уморуваат многу на ревијалниот натпревар на сите ѕвезди во НБА. Српскиот репрезентативец беше неколку минути во игра а во текот на еден дуел Девин Букер го оттурна па Јокиќ за малку ќе го сплескаше Барак Обама кој беше во прв ред.

Убав гест на МЗТ, му однесоа медал на навивач во болница

Претставници на МЗТ Скопје, предводени од капитенот Дамјан Стојановски, директорот Филип Ѓоревски и тренерот Васко Атанасов го посетија нивниот голем навивач Ристе Божиновски – Мачор. Му го однесоа пехарот од Купот на Македонија и му дадоа медал како мотивација во битката која ја води.

Не се дава дрес на секој

Навивач му приоѓа на Страхиња Ераковиќ од Црвена Ѕвезда за да му го бара дресот, а потоа прави потег, по кој фудбалерите со право треба да размислат дали треба да даваат дресови. Некој ќе ги поти, а друг ќе профитира.

Кафу жонглирал на Ол-Старот

Што време ќе беше, вели корисник на мрежата Х, легендарниот капитен на Бразил и Милан да дојде да учествува во циркуското шоу „натпревар меѓу познати ѕвезди“ како најава за Ол-Стар натпреварот.

Швајцарски коментатор со коментар за боб санкачи од Израел

Додека Адам Еделман, боб санкач од Израел се натпреваруваше на ЗОИ2026 во Милано и Кортина каде го имал првиот настап на Олимписки игри, коментаторот на државната швајцарска телевизија РТС зборувал за ситуацијата со израелскиот тим кој не беше суспендиран од Меѓународниот олимписки комитет ниту му беше наложено да се натпреварува под неутрално знаме како руските олимпијци. Имале и член кој учествувал во геноцидот во Газа.

Сингапур за злато на Олимписки игри дава 792.000 долари, Полска 211.000 долари, стан и кола

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина влегуваат во финишот а полека се издвојуваат земјите кои ќе однесат најголем број медали дома и ќе добијат големи парични награди.

Нестварна тројна одбрана на Гарсија како октопод

Жирона ја изненади Барселона со 2:1, иако можеше и многу повеќе да не беше извонредниот Жоан Гарсија, инаку прогласен за играч на мечот со 7 интервенции. Ова се најјаките.

Навивачки црн хумор во Перу

Јужноамериканците се најстрасни навивачи и тоа е одамна познато. А имаат и супер хумор на своја и туѓа сметка. Сега за време на дуелот меѓу Мелгар и Мокегва во тамошната прва лига на Перу кој завршил 4-0, гостински играч бил погоден силно со топка. Додека се превртувал во болки навивачите на Мелгар на труба отсвиреле погребен марш.

Португалски докторат за слободен удар

Ароука е 12-то пласирана екипа во португалската прва лига која загуби од Каза Пиа со 3:2. Ама погледнете ги царевите како го отворија мечот.

Од очај до сјај - по 9 месеци суспензија Пауло Фонсека има 13 победи по ред со Лион

Ова што се случува со Олимпик Лион од почетокот на сезоната е за сериозен документарец. Минатото лето беа исфрлени во најнизок ранг на францускиот фудбал поради страшни финансиски проблеми и долгови над стотици милиони евра. Се смени сопствеништвото, дојдоа други луѓе. Тренерот Пауло Фонсека кој во минатото ги водеше Милан и Рома, имаше чуден старт.

Да не згазна на мина бе другар?

Чудната сцена ни доаѓа од арапските земји. Понатаму ништо не ни е јасно. Што ли му се случи на братов?

Барса загуби од Жирона, Јамал утна пенал, Реал профитираше

Во сиромашната понеделничка фудбалска понуда, Барселона киксираше на гостувањето против Жирона со 2:1. Јамал промаши пенал во прво полувреме, а домаќините славеа голема победа со пресврт. Каталонците се бесни за победничкиот гол во 86-та минута, бидејќи во истата акција  Клаудио Ечевери го фаулираше Жил Кунде. Судијата не досуди прекршок, а не реагираше ниту ВАР.

Никола две години по ред се мајтапи со Виктор за истото

Јокиќ лани пред Ол стар му се чудел на Вембанјама зошто носи книга пред натпревар, а овој: Е добро е, не носам октопод. Оваа година пак истиот муабет, во негов стил. Ах да можат да зборат тоа соблекувалните, кој знае што ќе излезе.

Судиски криминал на годината и тоа во Германија

Третолигашкиот германски меч меѓу првопласираниот Енерги Котбус и деветтопласираниот Манхајм, носи многу чудна и нејасна судиска одлука. По истекот на регуларните 90 минути, домаќините постигнаа гол за победа, чист како солза. Топката јасно се гледа дека завршува зад голманот, а главниот судија мртов ладен го поништи. Инаку во третата германска лига нема ниту ВАР, ниту гол технологија.

Трката за второ злато на неверојатната Брињоне на која и се поклонија ривалките

Бајката на Федерика Брињоне на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина 2026 продолжи. По супервелеслаломот, победи и во велеслалом и стана двоен олимписки првак после страшна повреда и голема неизвесност за настап. Трката ја заврши со време од 2:13,50 минути, а сребрени медали освоија Швеѓанката Сара Хектор и Норвежанката Теа Луизе Сјернестунд, кои имаа идентично вкупно време.

Реал го помина Баерн Минхен по добиени пенали сезонава

Реал Мадрид го совлада истоименикот од Сосиедад со 4-1. „Кралевите“ добија два пенали кои ги искористи Винисиус Жуниор во 25-та и 48-ма минута и први се на табела со 2 бода повеќе од Барселона која својот натпревар го игра вечерва против Жирона. Според податоците на Опта, Реал Мадрид изби на прво место и меѓу клубовите кои добиле најмногу пенали сезонава.

Алберто Томба го расплака бразилскиот олимписки првак по телефон

Бразил испиша нова спортска историја. Го слави првиот олимписки медал, воедно и прв за Јужна Америка, а за тоа е заслужен Лукас Пињеро Братен. Честитки на телефон доби од легендарниот Алберто Томба. Италијанецот му се обрати на англиски, а овој пукаше од возбуда и му се заблагодаруваше на италијански.

Знамето на Југославија на Олимписките игри во Милано

Поранешна Југославија има освоено 87 олимписки медали. Иако не постои 35 години, ниедна земја што произлезе од распадот на СФРЈ не освои до сега толку медали. Хрватска моментално е на 60, Словенија има 55, а Србија е трета со 28. Плус денес има многу повеќе олимписки спортови.