Ваква лоша низа на нашиот национален тим во поновата историја не се памети. Десет натпревари по ред без победа или вкупно една година.
Последниот триумф на Македонија е во септември 2025 година против Лихтенштајн. Оттогаш имаме скор од 5 нерешени и 5 порази. На шести меч по ред не успеваме да постигнеме гол.
Селекторот Гоце Седлоски смета дека натпреварот сме го загубиле во почетните десетина минути од второто полувреме.
„Тие десет минути во второто полувреме го одлучија натпреварот, го постигнаа голот, ние направивме неколку шанси, а потоа од контра примивме гол. Среќен сум што имам вакви момци, не се откажуваме ќе го продолжиме процесот, имаме нови играчи, потребно е време и победите ќе дојдат“.
„Момците кои денеска добија првпат шанса на ваков натпревар го оставија срцето на терен. Поразот како пораз боли, а не постигнавме гол, создадовме многу шанси и морам да ги пофалам момците. И тие се тажни и јас, но за три дена имаме друг натпревар и мора да се подготвиме. Знам дека е тешко, но овој процес на подмладување што го започнавме ќе го продолжиме“, изјави Седлоски.
Тој го пофали Гаштаров и оптимист дека нападот ќе проработи.
„Секако дека размислуваме јас и стручниот штаб, работиме на таа завршница, но играме против многу добри репрезентации, се надевам дека нападот ќе прораборти. Тие млади дечки како Гаштаров, Омерагиќ, Мељичи не ме разочараа. Знам дека боли, но со работа и со офанзивна игра верувам дека резултатите ќе дојдат. Денеска сè беше како што треба освен како што кажав тие десет минути“.
„Што да кажам за Гаштаров, кога го видов во Ѕвезда веднаш му се јавив и го повикав. Одигра два натпревари по 90 минтуи, секоја чест за него. Но, не сакам посебно да критикувам и да фалам. Сепак, тој заслужува голема пофалба за неговата игра на теренот“.
Во 3. коло на 3 октомври играме дома против Шкотска со почеток од 20:45.