На крајот европскиот шампион Олимпијакос го доби дуелот на тешкото гостување во преполната „Жалгирио Арена“ 91-93. Еван Фурние беше најдобар поединец кај грчкиот состав со 19 поени а Саша Везенков постигна 18 поени. Кај Жалгирис прв стрелец беше Стерлинг Браун со 20 поени а Ажулас Тубелис додаде 19 поени. Јонас Валанчунас кој летово од НБА лигата се врати во Жалгирис, постигна 11 поени со 6 скока и 7 асистенции.