Фоко е „висок“ 163 см, тежи 80 килограми но брани како мачка.
Овој голман со својата невообичаена конституција за голман, речиси цела своја кариера брани во домашното првенство во Боцвана каде го носел дресот на Габорон Јунајтед од 2012 па се до 2023-та.
Со овој клуб прославил една шампионска титула и два пехари во Купот на Боцвана. Во 2020-та година го добил признанието најдобар голман во Боцвана.
Од Габорон преминал во клубот Џвагенг Галакси а летово за првпат оди да брани надвор од својата земја односно ќе биде прв голман на познатиот клуб од Јужна Африка Сивеле ФК.
Во 2022-ра година тој станал прв голман во историјата на Боцвана кој постигнал гол и тоа на дуелот против Ангола.
BIG saves from Phoko against Tunisia! 🇧🇼🧤
— CAF (@CAF_Online) September 29, 2026
#TotalEnergiesAFCON2027 pic.twitter.com/vsQWGdYzzA