Offside

Кошаркарите на Минесота повторно го совладаа Денвер Нагетс, овојпат 112:96 и се на само чекор да ги исфрлат Нагетс од доигрување за титулата и пласман во полуфинале на Западната конференција во НБА.

Хрватот Иван Јуриќ најлош тренер во историјата на Премиер лига

Некогашниот тренер на Мантова, Кротоне, Џенова, Верона и Торино, Хрватот Иван Јуриќ кој имаше и неколкунеделен ангажман во Рома пред да биде отпуштен, сега е исмеван во англиските медиуми како најлошиот тренер во тамошниот фудбал.

На Атлетико Мадрид идоли им се Баер Леверкузен

Знаете како играше лани Баер Леверкузен фудбал? До крај. Не до 90-та, туку до 90+. Куп бодови собраа така. По тој рецепт сезонава игра и Атлетико. Дури 16 гола дале во судиско.

Затворај наградата „Пушкаш“, во Кенија падна чудесија од гол

На дуел меѓу АФЦ Леопардс и КЦБ во една од пониските лиги на африканската земја Кенија, фудбалерот Овела Очиенг постигнал гол кој влегува на листата кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“. Ај голот, туку прославата е уште полуда, како Обафеми Мартинс на времето.

Пак глушец на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед веќе подолго време е негледлива екипа. Се наоѓаат во долниот дел од табелата, играат катастрофална сезона а капак на сè е состојбата на култниот стадион „Олд Трафорд“. Јунајтед синоќа во натпревар од 27. коло на Премиер лига едвај после пресврт го совлада слабиот Ипсвич Таун. Пред натпреварот на теренот фоторепортерите снимиле глушец, честа појава на стадионот на кој му треба сериозно реновирање или изградба на нов наместо него.

Хари Мегваер ја реши за Манчестер

Манчестер Јунајтед се феномени. Го победија Ипсвич, кој инаку се бори за опстанок, со помош на Мегваер и Де Лихт (стопери) и со автогол, како и со црвен картон уште во 43 минута. И тоа губеа 0:1, на полувреме беше 2:2, а најисмејуваниот играч во историјата на интернетот ја реши уште во 2 минута од вториот дел. Сега се 14-ти на табела со 9 победи, 6 нерешени и 12 порази. Свесен ли е Аморим каде е дојден?

Голманот на Јуве не можеше да и поверува на мајсторијата на Турам

Јувентус се посрамоти во четвртфиналето од Купот. Испадна од Емполи на пенали после 1:1 во регуларниот дел. На полувреме губеа, а резултатот во вториот дел го израмни Хефрен, помладиот од браќата Турам. Го изеде чуварот. Матиа Перин се чудеше.

Имитираше мајмун пред Винисиус, затвор не му бега

Реал Мадрид е со една нога во големото финале на шпанскиот Куп на Кралот откако синоќа на првиот дуел го совлада Реал Сосиедад на гости 0-1. Стрелец на единствениот гол беше младиот Бразилец Ендрик во 18' минута. Натпреварот неколку пати беше прекинуван, најпрвин зошто домашните навивачи го навредуваа стоперот на Реал Мадрид Асенсио а после и по навреди кон Винисиус. Еден навивач од прв ред имитирал мајмун и имал расистички испади за што во Шпанија казните се страшни. Особено по сите скандали изминативе години.

Новицки и сериската измамничка со скриен идентитет која му го украла срцето

Не е сè така лизни мазни во НБА. Славниот кошаркарски ас Дирк Новицки за малку ќе паднел во стапица. Го спасил неговиот ментор откако ангажирал приватен детектив.

Цела сала на Лејкерс: „Нико фала ти“

Лука Дончиќ чекаше и дочека прилика сурово да му се одмазди на неговиот доскорешен клуб Далас Маверикс, поточно на нивнио извршен директор Нико Харисон кој без никаква најава, сензационално и шокантно реши да го избрка Дончиќ од клубот така што го трампаше за 7 години повозврасниот Ентони Дејвис во ЛА Лејкерс. Дончиќ синоќа имаше трипл-дабл во победата на Лејкерс над Далас Маверикс.

Тениска ВАР драма на годината

Феликс Оже од Канада и Александар Бублик од Казахстан се најдоа во ретко видена тениска ситуација која заврши со непотребно кошкање. Оже бараше ВАР бидејќи детето што собира топчиња му засмета да не може да врати. Судијата го понови поенот, а Бублик негодуваше и возврати на друг начин. Но сепак Канаѓанецот, инаку 21 на АТП, го зема сетот, а на крај го доби и мечот.

Сите утки на Дарвин Нуњез

Тренерот на Ливерпул Арне Слот по големиот триумф 0:2 над ривалот Манчестер Сити, на новинарско прашање зошто Дарвин Нуњез бил на клупа за резерви, отворено рекол дека не можел да го толерира незалагањето на Уругваецот. „Можам еднаш да прифатам таков однос, ама два пати веќе не“, рекол Слот кој го закуца Нуњез за клупа. Што сè изнапромаши овој човек тоа е за биографија.

Изјава на денот

Дваесет и девет годишниот норвешки центарфор Александар Сорлот е гол-машина. Играше во еден куп клубови и секаде даваше голови. Од Розенборг, Бодо Глимт, Гронинген, Мидјиланд, Кристал Палас, Гент, па се до Трабзонспор, РБ Лајпциг, Реал Сосиедад, Виљареал и сега Атлетико Мадрид. Синоќа даде гол против Барселона во 90+3' минута во судиско продолжение за 4-4. Вели дека против Барса има 4 или 5 гола на гости и дека уште од сабајле кога станал знае дека ќе даде гол.

Избран е најдобриот тим на Ѕвезда на сите времиња, го има и Дарко Панчев

Моцартспорт организираше големо, регионално анкетирање со цел да ги формира најдобрите 11 во историјата на Црвена Ѕвезда и Партизан. Тренерот е Ѕвезда е легенда, инаку роден во Битола.

Каков е овој пас на Рафиња?

Бразилецот кој Барселона го купи од Лидс Јунајтед пред три години за околу 20 милиони евра, игра во животна форма. Сезонава му е страшна со 24 гола и 17 асистенции. Ова додавање треба дополнително да се објасни и да се предава по школи.

Дончиќ правеше склекови пред човекот кој го избрка од Далас

Под сè уште неразјаснети причини, Ник Харисон, извршниот директор на Далас Маверикс пред еден месец реши да го трампа најдобриот играч на екипата и една од најголемите суперѕвезди во НБА Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс. Дончиќ синоќа пред првата средба против Далас, кога го здогледал Ник Харисон решил да прави склекови, иронично во знак на коментарите дека бил „неспремен“.

Дончиќ му сервираше студена одмазда на Далас Маверикс

Целата светска кошаркарска јавност го чекаше првиот дуел на Лука Дончиќ против неговиот довчерашен тим Далас Маверикс. Во дресот на ЛА Лејкерс Дончиќ во Лос Анџелес синоќа беше одлично расположен и заслужен за триумфот 107:99.

Хит акција на Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, како меме од филм

Лос Анџелес Лејкерс го доби дербито на вечерта против Далас Маверикс (107-99). Дончиќ оствари трипл дабл од 19 поени, 15 скока и 12 асистенции, а најефикасен беше Леброн Џејмс со 27 поени и 12 скока. Погледнете ги како се забавуваа. Ќе се врти оваа акција на големо.

Лудо и незаборавно дерби Барселона - Атлетико Мадрид со 8 гола!

Концерт од голови донесе првиот натпревар меѓу Барселона и Атлетико Мадрид во шпанскиот Кралски Куп. За да се опише тоа што се случуваше на овој натпревар треба повеќе листови.

Ама му легна на Марко

Интер го елиминираше Лацио во четвртфиналната пресметка со 2:0. Стрелци Марко Арнаутовиќ и Хакан Чалханоглу од пенал. Јако голчиште постигна напаѓачот на Австрија. Формирана е првата полуфинална двојка, а тоа е Милан - Интер. Болоња го чека подобриот од дуелот Јуве - Емполи.

Комбинација Меси - Суарез како по ноти

Интер Мајами славеше против Канзас Сити со 3:1. Меси и Суарез се запишаа на листата на стрелци по еднаш. Перфектно се разбираат на терен. Се појави податок дека Меси е најмлад во историјата кој стигнал до 852 гола во кариерата.

Најлошиот финиш во кариерата на Кавани

Бока Јуниорс се соочи со прерана елиминација во Копа Либертадорес, уште во 2. коло од Алианса Лима од Перу и тоа на пенали. Не се памети ваква реакција на Единсон Кавани пред гол. Сите се чудеа.

Дамјан Стојановски: Посветеност, борбеност, скромност и историско четврто место

По 20 години репрезентативна кариера, вклучително со младинските категории, Дамјан Стојановски оди во заслужена репрезентативна пензија. Ќе биде запаметен како дел од легендарната клапа која ја покоси Литванија на ЕП 2011 и се избори за сензационално полуфинале.

Светскиот фудбалски патник кого родителите го напуштиле на 2 години

Шпанскиот центарфор, ветеранот Лукас Перез (36) е нов член на холандскиот шампион ПСВ Ајндховен со кого потпишал краткорочен договор до крајот на сезонава со можност за продолжување. До Холандија одел со автомобил зошто како Денис Бергкамп се плашел од авиони.

Револверот Зак Лавин - 4 тројки за помалку од 2 минути

Дваесет и девет годишниот Зак Лавин имаше луд учинок во победата на неговиот Сакраменто Кингс над Шарлот Хорнетс 130:88. Лавин постигна 42 поени (16/19 од игра). Во еден период, за помалку од две минути даде четири тројки и ја фрли салата во делириум.