Со фудбал до мир: Легендарниот Гус Хидинк предлага идеја за прекин на војната во Украина

Легендарниот холандски тренер Гус Хидинк кој во кариерата ги водеше ПСВ Ајндховен, Фенербахче, Валенсија, Холандија, Реал Мадрид, Бетис, Јужна Кореја, Австралија, Русија, Челси, Турција и други репрезентации, дал интересен предлог за најголемиот руски спортски канал Матч ТВ.

Во поопширен разговор за Матч ТВ, Хидинк предложил ФИФА да организира турнир со учество на четири селекции: САД, Русија, Украина и Европа, како миротворна мисија.

Во понеделник првиот човек на руското МНР, Сергеј Лавров изјавил дека раководството на ФИФА ја разгледува можноста да се одигра пријателска средба меѓу Русија и САД. Последен пат овие две селекции се сретнаа исто на пријателска во 2012-та година, на преубавиот нов стадион во Краснодар. Дуелот заврши 2:2.

„ФИФА треба да организира турнир со САД, Русија, Украина и Европа. Победникот не е важен... На светот му треба крај на руско-украинскиот конфликт!

За таа цел фудбалот може да биде многу корисен - за време и после турнирот сите се должни да го спуштат и положат оружјето... Како во Првата светска војна, кога сојузната војска и Германците играле фудбал заедно за Нова година“, рекол Хидинк.

Во февруари 2022 со почетокот на руската специјална воена операција и инвазија над Украина, ФИФА и УЕФА ги отстранија стриктно сите руски клубови и репрезентации од учество во меѓународните натпреварувања.

10 септември 2025 - 11:46