Дончиќ: „Ми дадоа техничка во 2-ра минута зошто реков ало“

Суперѕвездата на ЛА Лејкерс Лука Дончиќ одигра блескав натпревар и уфрли 39 поени со дури 10 скoка и 7 асистенции во четвртфинале против Германија но на крај тоа не беше таман за триумф. Словенците се бесни на судиите поради некои одлуки а посебно лут беше Дончиќ.

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

„Нема ништо да кажам. Првата техничка ја добив по само две минути од натпреварот кога викнав „Ало“. Не смее да ти дадат техничка за такво нешто во четвртфинале, без разлика на името на кошаркарот. За тоа не се добива ниту опомена. Навистина не знам што мислеа судиите“.

Дончиќ доби веднаш на стартот техничка а набрзо и втора лична грешка во првите три минути. На полувреме отиде со три лични грешки а на стартот на третата четвртина ја заработи и четвртата лична грешка што значајно го ограничи неговиот придонес во одбрана но и во напад каде се пазеше од петти фаул.

„Не би сакал да зборувам за судиите, навистина не би за тоа. Но четири фаули на почеток на трета четвртина? Такво нешто не ми се случило никогаш во животот“, рекол Лука пред словенечките новинари,

Словенците се бесни: „Ова не е нормално, 40 слободни фрлања им дадоа“

Дончиќ феноменален со 39 поени и 10 скока, недоволно за полуфинале

11 септември 2025 - 09:41