Словенците се бесни: „Ова не е нормално, 40 слободни фрлања им дадоа“
Кошаркарите на Словенија се гневни и разочарани од судењето на четвртфиналето против Германија, кое го загубија иако беа одлични и водеа три четвртини. Незадоволството пред камерите го искажаа Ален Омиќ и Клемен Препелиќ.
„Што е ова? Ова не е кошарка. Не може вака да играме. 40 слободни фрлања имаа од 90 поени. Нашиот најдобар играч не е заштитен, а треба да биде. Тој е најдобар на Европското. Сите доаѓаат за да го гледаат него“.