Онана линијаш

Камерун претрпе пораз од директниот ривал за првото место во групата Д од африканските квалификации за Светско првенство, Зеленортски Острови кои славеа 1-0. Голот на Дејлон Ливраменто во 54' минута оди на душа на голманот Андре Онана кој долго стоеше залепен на линијата и не истрча да проба да му го скрати аголот на стрелецот на голот. После мечот Онана силно оттурнал и еден навивач кој сакал да се слика со него.

После 8 кола Зеленортски Острови се први со 19 бода, Камерун е втор со 15 бода, а 14 има Либија која се надева на две кола пред крајот дека ќе може да ги тргне Камерунците од второто место кое води на Светско првенство.

 

10 септември 2025 - 15:09