Offside

Кошаркарите на Минесота повторно го совладаа Денвер Нагетс, овојпат 112:96 и се на само чекор да ги исфрлат Нагетс од доигрување за титулата и пласман во полуфинале на Западната конференција во НБА.

Коментаторот за тројката на Нено: Во стилот на Лери Бирд

Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Полска (88-74), но заврши трета во група и не успеа да се избори за пласман на ЕП 2025. ФИБА ја издвои тројката на Ненад Димитријевиќ од тешка позиција, на една нога.

Ова е тоа што го викаа „The last shot?“

Квалификации за ЕП 2025, Франција vs БиХ. Резултатот е 74:74. Последниот напад го имаат домаќините, а одговорноста ја презема Ели Окобо. Инаку од Е групата покрај Франција, оди Кипар како домаќин, како и БиХ со 9 бода, исто колку што има Хрватска, која не успеа да се пласира.

Навивачи на Барселона со торта го изненадија Ханси Флик

Германскиот стратег вчера наполни 60 години. Една група на млади навивачи на Барса го пречекаа со торта и песна. Ама и Флик беше спремен, извади сувенири од кола и им ги подели.

Во Берово и Делчево се гледа фудбал и се пржи месо

Ваков единствен поглед има само во пониските лиги. Ова е право доживување, да го гледаш омилениот тим и да мезиш додека месото се крчка на трибините. Браво момци!

Дресот на Лука оди кај девојчето кое допатува од Хрватска

Лука Модриќ држи лекции и на терен и надвор од него. По победата против Жирона и евроголот кој го постигна на волеј, дресот му го подари на 12 годишно девојче кое специјално од Хрватска допатувала за да го гледа својот идол.

Нов рекорд на Никола Јокиќ, никогаш не поделил толку асистенции

Денвер Нагетс им се врати на победите откако претходно ЛА Лејкерс им ја прекинаа серијата од 9 триумфи по ред. Нагетси во ноќта меѓу понеделник и вторник ја совладаа Индијана 125:116.

Пеколното дерби на Истанбул заврши без голови

Најголемите турски ривали, Галатасарај и Фенербахче синоќа го одиграа големото дерби на турскиот фудбал кое заврши без голови. Си поделија по бод. Мечот за првпат во историјата го судеше странски, а не турски судија.

Јак пресврт на Лидс, распалија со голчиште во 90-та минута

Понеделник во ниту еден случај не беше синоќа тапа ден за фудбал. Се играше големото турско дерби, но и она познато во Чемпионшип меѓу Шефилд Јунајтед и Лидс Јунајтед или вториот против првиот на табела. 1:0 полувреме, 1:3 крај и тоа со голови во 72`, 89` и 90` минута. Ја издвојуваме левицата на Холанѓанецот Жоел Пиро. И тоа од место.

Митревски е луд, во рок од 2 минути фати три живи топки

Никола Митревски на 39 години брани во животна форма и за Македонија и за Еурофарм Пелистер. Битолчани го растурија Алкалоид во натпревар од домашното првенство со 33:20 и го презедоа врвот на табелата во Суперлигата.

Трол на годината на тема Тотенхем

Точно е дека Арсенал со години пати по титула во Премиер лигата, но тие не се омилениот предмет за мајтапење на островот. Приматот и натаму го држи Тотенхем, кој 64 години ја сонува титулата, а 34 години ФА Купот. Единствената радост за некаков пехар им е Лига Купот од пред 17 години. Ги кинат по социјални мрежи. Безмилосно.

Најјак кандидат за наградата „Глума на сезоната“

Во дербито на колото во данското рпвенство, Копенхаген го совлада Мидтјиланд со 1-0 со гол од пенал во 54' минута на Магнус Матсон. Копенхаген е прв со 39 бода, а Мидтјиланд втор со 36. На овој натпревар левиот бек, Перуанецот Маркос Лопез од Копенхаген поднесе кандидатура за признанието глума на сезоната.

Никој никогаш во Премиер лига како Мохамед Салах

Најдобриот египетски фудбалер на сите времиња, Мохамед Салах сезонава игра фудбал каков што никој досега не играл во најсилната светска лига - Премиер.

Како е можно првак на Англија да прима вакви пацерски голови?

Манчестер Сити дефинитивно го загуби компасот оваа сезона. После елимицијата од Реал во ЛШ со по 3 примени гола на двете средби, сега се на -20 од лидерот Ливерпул кој ги суреди на сред Етихад. Нотингем Форест се пред нив. Погледнете ги колку лошо играат во одбрана.

Колкави буџети имаат кошаркарските евролигаши?

Познатиот портал специјализиран за кошарка „БаскетЊуз“ ги објави буџетите на сите клубови во Евролига за актуелнава сезона 2024/2025.

Две јуначки вадења топка од гол линија

Лион и ПСЖ, едни од најтрофејните француски клубови, одиграа натпревар за паметење со дури 5 гола. На крај славеа гостите 2:3 кои и натаму се единствен непоразен тим во Топ 5 лигите во Европа. На ова дерби стоперот на Лион Клинтон Мата имаше феноменално храбра реакција за да спречи гол при резултат 0-0. Исто луда интервенција имал и еден фудбалер во јужнокорејската лига.

53.293 гледачи во полска втора лига, рекорд во 21 век

И тоа скоро 20.000 се навивачи на Висла, а останатите на Рух Хожуф. Каква импресивна гостинска поддршка за второлигаш. Ова е рекорд во 21 век во Полска. Претходниот исто така му припаѓање на Рух Хожуф кој на мечот против Видзев Лоѓ во април минатата година, го следеле нешто повеќе од 50.000 навивачи. Инаку Висла викендов славеше 0:5.

Не го оставајте доктор Лука Модриќ сам

Ништо не се промени ова коло на врвот на табелата во Ла Лига, бидејќи сите три конкуренти за титулата победија. Атлетико и Барса славеа на гости против Валенсија и Лас Палмас, а еден ден подоцна Реал Мадрид ја совлада Жирона со 2:0. Бојан Миовски влезе во 75-та минута, а во првиот дел имаше привилегија да го види евроголот на безвременскиот хрватски мајстор од клупа. 40 години ќе наполни во септември. Неверојатен играч и пример за младите.

Не го ни пипна, на топка одеше

Кога Михајловиќ на времето во ЛШ го плукна Муту во коса од позади, го казнија 8 кола. Ама тоа УЕФА. Што ли ќе преземат уругвајските фудбалски тела за ова?

Лука Дончиќ го разби Денвер Нагетс и покажа дека е голем шампион

Суперѕвездата на ЛА Лејкерс блесна во полн сјај синоќа во дербито против Денвер Нагетс кое Лејкерси го добија 123:100 и ја прекинаа врвната серија на Јокиќ и другарите од 9 победи по ред во НБА лигата.

Европската шампионка Алексовска испука од емоции на химната

Македонија бележи историски успех на Европското првенство во ММА во јуниорска конкуренција во Белград, каде освои два златни медали кои легнаа на градите на Даниела Алексовска и Марко Трајановски. Алексовска во финале ја победи Украинката Анастасија Хордовиска уште во прва рунда. Потоа се расплака од што и беше убаво на душата за време на интонирањето на македонската химна.

Пак играч на Фиорентина се сруши на сред терен

Дваесет и четиригодишниот центарфор Моизе Кин синоќа на натпреварот Верона - Фиорентина ненадејно се срушил на теренот во 65-та минута. Веднаш интервенирале лекарските служби кои го префрлиле во најблиската болница. Кин е втор играч на Фиорентина со вакво непријатно искуство после Едуардо Бове кој падна на теренот и изгуби свест на мечот со Интер поради што тој дуел беше прекинат па повторно преигран.

За глуп фаул, Антони доби директен црвен картон

Само што почнаа да го фалат сите и да пишуваат критики на сметка на Манчестер Јунајтед, а Бразилецот Антони имаше неколку блескави натпревари во новиот клуб Бетис со голови и асистенции, сега се посрамоти. На гостувањето на Бетис кај Хетафе во победата 1-2 (два гола на Иско, една асистенција на Антони), Бразилецот направи неверојатно глуп прекршок на противничка половина во последните секунди од мечот.

Гол на Нејмар директно од корнер

Бразилскиот ас се врати неодамна во својот роден клуб Сантос, а сега го постигна и вториот гол. На дуелот против Интернасионал де Лимеира Нејмар во 27-ма минута постигна прекрасен гол од корнер. Го совлада голманот Иго Габриел со мајсторски удар, со помош на стативата. Нејмар имаше уште и две асистенции за својот соиграч Тикињо Соареш. Нејмар има досега два гола и три асистенции.

Состојбата на Манчестер Сити во еден удар

Фудбалерите на Ливерпул прилично лесно и рутински го совладаа до сезонава најголемиот ривал во англискиот фудбал, Манчестер Сити, на гости со 0:2. Со головите на Мохамед Салах и Доминик Собослаи црвените славеа победа која ги приближува до шампионската титула. Сити од друга страна ќе има тешка задача да ја сочува четвртата позиција која води во Лига на шампиони. Еден шут на Де Брујне ја покажа нивната немоќ сезонава.