Унгарија и Португалија синоќа одиграа спектакуларен меч кој имаше драматичен крај. Први поведоа домаќините преку Бамабас Варга во 21-ва минута. Израмни Бернардо Силва во 36-та минута. Во вториот дел Кристијано Роналдо од пенал во 58-ма минута ја донесе Португалија во водство а Унгарците израмнија 2-2 во 84' минута. Жоао Кансело им ги скрши срцата на навивачите на Унгарија со гол само две минути подоцна за конечни 2-3.