Боливија се избори за бараж за Мундијал, Венецуела уште нема да види Светско

Карло Анчелоти го претрпе првиот пораз на клупата на Бразил, во последното коло од јужноамериканските квалификации за Светско првенство откако синоќа изгубија 1-0 од Боливија која се пласираше во баражот за Мундијалот.

Бразилците веќе пред извесно време обезбедија пласман на Светско првенство 2026 но со поразот во последното коло паднаа на 5-то место на табелата што е најслаб нивен пласман во историјата на јужноамериканските квалификации.

Последен пат во 2002-ра година биле трети на табела и тоа до синоќа им бил најлош можен пласман. 

На 18 натпревари во квалификации за СП 2026 во Јужна Америка, „селесао“ собрал 28 бода. Претходно во квалификации за СП 2002 завршија трети. Прво место беа во четири случаи (квалификации за Светско 2006, Светско 2010, Светско 2018 и Светско 2022).

Бразил не учествуваше во квалификациите за СП 1998 како актуелен шампион и во квалификациите за Мундијал 2014 кога беа домаќини.

Анчелоти го презеде Бразил во мај месец годинава а досега ги водеше на 4 средби на кои забележа: 2 победи (Парагвај 1-0 и Чиле 3:0), една нерешена со Еквадор (0:0) и сега пораз од Боливија на стадионот кој се наоѓа на највисока надморска висина.

Единствениот гол за Боливија го постигна Мигел Терсерос во судиското продолжение од првиот дел, во 45+4' минута од пенал.

За Бразил на овој натпревар играа играчи кои под Анчелоти се стандардни во последно време, Ришарлисон, Лино, Луис Енрике, Бруно Гимараеш и Лукас Пакета. Во одбраната не играа стандардните стопери туку нивните резерви Витињо, Бруно, Александро, Енрике.

Претседателот на бразилската фудбалска федерација Самир Жауд бил бесен после мечот поради судењето. Сметал дека им е досуден сомнителен пенал и дека е „срамно што ФИФА и КОНМЕБОЛ дозволиле да се игра на таква висина од 4.000 метри надморска висина каде условите за игра се невозможни“.

„Прав хаос вечерва. Не е тоа што го очекуваме за светскиот или за јужно-американскиот фудбал. На ваква надморска висина е тешко да се игра фудбал, посебно против 14 противници. Се надевам дека КОНМЕБОЛ ќе преземе акција зошто имаме се снимено. Ова не смее да се случува. Ова е апсурдно.  Тоа што се случи денес е жално. Дојдовме да играме фудбал и што видовме, лош натпревар. Игравме против судии, против полицијата и против децата задолжени за топки кои фрлаа топки на терен или ги вадеа од таму кога не треба“.

ЌЕ ОДИ ЛИ БОЛИВИЈА ЗА ПРВПАТ НА СВЕТСКО ПОСЛЕ 1994?

Во прилог на Боливијците кои го победија Бразил 1-0 им одеше и триумфот на Колумбија на гости кај Венецуела. Боливија и Венецуела беа директни ривали за последното, 7-то место кое води во баражот за Светско првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

ФИФА со проширувањето на бројот на репрезентации-учесници на Светско ѝ даде уште едно место плус на Јужна Америка која ќе има 7 селекции, односно 6 директно плус 1 во бараж.

Боливија ќе игра во меѓуконтиненталниот бараж и ќе го чека подобриот од дуелите меѓу претставници од Африка, Азија и Океанија во трката за две места кои водат на Светско. Баражите ќе се играат во Монтереј и во Гвадалахара во Мексико во март следната година.

о последното коло на Венецуела ѝ требаше победа, дури и два пати водеше и се враќаше против Колумбија но гостите на крај славеа со убедливи 3-6 и ја пратија Боливија во баражот за Светско каде не биле цели 31 година!

Најголема заслуга за тоа носи фудбалерот на Спортинг Лисабон, Луис Дијаз кој постигна дури 4 гола!

Од друга страна Венецуела останува единствена селекција од Јужна Америка која никогаш не играла Светско првенство.

Истата вечер Еквадор ја победи Аргентина со 1-0 со голот на ветеранот Енер Валенсија од пенал пред крајот од првиот дел. 35-годишниот центарфор ја однесе својата селекција на второ место на табела со 29 бода, зад Аргентина која ги заврши квалификациите со 38 бода.

Лионел Меси не играше за Аргентина. Играа Лаутаро Мартинез, Симеоне, Макалистер, Нико Гонзалес, Паредес, бранеше Емилијано Мартинез а црвен картон доби Николас Отаменди во 31' минута. Црвен картон и исклучување заработи и Моиез Каиседо во 50' минута од мечот.

Уругвај синоќа ремизираше 0-0 против Чиле а Парагвај го совлада Перу. 

Standings provided by Sofascore
10 септември 2025 - 09:16