Унгарците аплаудираа во 21 минута во чест на Жота ама и поведоа
Два и кусур месеци после кобната несреќа, фудбалскиот свет не го заборава Диого Жота. Португалија синоќа и гостуваше на Унгарија во квалификациите за СП, а домашните навивачи со аплауз во 21 минута му оддадоа почит на фудбалерот кој го носеше дресот со број 21. И додека траеа аплаузите падна гол.