Блескава партија на Адетокунбо, Грција ја сруши Литванија

Кошаркарската репрезентација за првпат после 16 години се пласираше во полуфинале на Европско првенство откако во четвртфиналето убедливо ја совладаа Литванија 87:76.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

Грција ја победи Литванија и ќе оди на голем мегдан со Турција во полуфинале.

Клучен играч во триумфот на Грците одново беше суперѕвездата Јанис Адетокунбо со 29 поени (9/14 за два, 11/16 слободни фрлања) со 6 скока и 4 украдени топки.

Врвни партии пружија и Василис Толиопулос со 17 поени и ветеранот Костас Слукас со 11. Кај Литванците најефикасен беше нивниот лидер Јонас Валанчунас со 24 поени и 15 скока но не можеше сам. Литванија играше без нивниот најдобар кошаркар Јокубаитис кој тешко се повреди на старт на Европското.

Полуфиналето Грција Турција е во петок, а вечерва ќе се дознаат и другите полуфиналисти откако ќе се одиграат четвртфиналните дуели Германија - Словенија и Финска - Грузија.

 

10 септември 2025 - 09:20