Во 5-от натпревар од квалификациите за Светско првенство, Македонија славеше убедливо 5-0 против отпишаниот Лихтенштајн. Во еден момент Езѓан Алиоски распали силен волеј после корнер и го погоди ривалот Хофер директно во лице. Фудбалерот на Лихтенштајн набрзо излезе од игра на полувреме и не се врати на теренот.