Норвешка ја посрамоти Молдавија со 11 гола, петарда на Халанд

Историски дебакл доживеа Модавија во Осло, до сега невиден во квалификации 29 години, кога Македонија го направи истото.

Норвешка и направи потоп и пол на Модавија и ја победи 11:1. На полувреме беше 5:0.

Пет гола даде Халанд, четири Асгард, по еден Одегард и Мире.

Ваков резултат во квалификации, кој повеќе личи на водство во ракомет, не се памети од 1996-та, кога Македонија го декласираше Лихтенштајн со 11:1.

Со таа разлика што тоа беше гостински триумф. Само Германците успеале да победат поубедливо во квалификации, а тоа се случило во 1969-та година. Германија - Кипар 12:0.

6 минута 1:0, Мире

11 минута 2:0, Халанд 

36 минута 3:0, Халанд 

43 минута 4:0, Халанд 

46 минута 5:0, Одегард

52 минута 6:0, Халанд

68 минута 7:0, Асгард

74 минута 7:1, Остигард (автогол)

76 минута 8:1, Асгард

79 минута 9:1, Асгард

83 минута 10:1, Халанд

91 минута 11:1, Асгард

 

10 септември 2025 - 07:48