
Паузата во клупскиот фудбал заврши со синоќешните последни репрезентативни натпревари за месец септември. Следната рунда квалификации продолжува на 9 октомври.
Според сегашниот распоред, квалификациите се играат по шест дена или поточно секој националнен тим игра има по две средби во периодот од четврток до вторник.
Но, оваа година ќе биде последна со меѓународни клупски паузи и во септември и во октомври.
Од 2026-та до најмалку 2030-та, ќе има револуција во форматот, односно место две одделни пауза во тие два месеци, ќе има само една и таа ќе биде подолга.
Ова значи дека следната година репрезентативниот фудбал ќе трае од 23 септември до 8 октомври. Селекциите во тој период ќе одиграат по четири натпревари.
Ноемвриската меѓународна пауза останува иста. Оваа година е закажана за 10-18 ноември, а во 2026 година, за 9-17 ноември. Мартовскиот распоред за пауза исто така останува непроменет (23-31 март во 2026 година).
ФИФА веќе одлучи за овие промени во март 2023-та. За навивачките групи кои живеат за трибините ова и не е некоја фина промена, но може да биде корисна за репрезентациите, кои обично имаат кус период за тренинзи и воиграност пред квалификациските дуели вредни пласман на ЕП и СП.