Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Рекордна ноќ за стартерот Антиќ

Перо Антиќ за прв пат се најде во стартната петорка против Голден Стејт и беше најдобар кај Атланта при разочарувачкиот пораз со тројката на Игудала во последна секунда.

Победнички старт за МЗТ во новата година

Македонскиот шампион релативно лесно и доминантно го одигра првиот меч од Јадранската лига во 2014 година и со 73:63 им вратија на кошаркарите на Шолнок од Унгарија во 15 коло од ова регионално натпреварување.

Кој се повлече од фудбалот во 2013 година

Од секоја година што изминува може да се направат разни епилози и листи кои ги нуди богатата понуда со фудбалски случува. Овој пат го имаме списокот на играчи кои минатата година решија да ги закачат копачките на клинец и да уживаат во долгата и богата пензија.

Бројките кои ја одбележаа фудбалската 2013

2013-та година заврши, па можеме да ги резимираме 365-те деновие кои беа вовед за годината која ќе ни го приреди Светското првенство во Бразил.

А каде е Јоветиќ?

Стеван Јоветиќ беше најуван како големо засилување за Манчестер Сити, но едноставно се изгуби и скоро и да не настапи оваа сезона, а секогаш оправдување се некои нови повреди. Разочараните навивачи на Манчестер Сити дадоа сликовити одговори на прашањето „Каде е Јоветиќ?"

Наполи има најчиста сметка, а Милан се дави во долгови

Новиот газда на Интер, Ерик Тохир ќе има многу работа околу финансиите во клубот кој 2013 година ја завршува со најголема загуба во Серија А. Најдобро пројдоа Наполи и Фиорентина кои не им должат на банките ниту евро.

Кога лошо ќе ти тргне годината

Рукито на Шарлот Бобкетс, Коди Зелер имаше лош старт на годината. Најпрвин на својот Твитер профил се пожали дека пак не си фатил женска за новогодишната ноќ, а веќе следниот ден го имаше овој неуспешен обид за забивање преку Блејк Грифин.

Како (не) се тренира прецизност

Оваа метода на тренинг за прецизен шут сè уште не сме ја пробале, но по секоја логика сигурно не е многу лесно да се погоди ваква мета.

Како се роди легендата

Денес седум-кратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер полни 45 години. Во моментов најуспешниот возач во историјата на спортот е во кома и се бори за својот живот.

Карвахал против знаменцето

Некогаш нема потреба покрај тебе да има противнички играч за да ја загубиш топката. Доволно е само едно корнер знаменце. Оваа лекција ја научи Даниел Карвахал од Реал Мадрид на пријателскиот натпревар против ПСЖ во Катар кој Шпанците го добија со 1:0.

Најубавите новогодишни голови

Како што им го испочитувавме трудот во последниот викенд од годината, така ќе направиме и на стартот од новата 2014 година. Ова се најдобрите три голови од островот постигнати на 1 јануари.

Натпреварот го заменил со бања па добил отказ

Оваа чудна пост новогодишна вест ни доаѓа од соседна Бугарија каде тренерот на Локомотив Софија отпушти свој фудбалер со образложение дека одбил да игра на важен натпревар против актуелниот бугарски првак затоа што имал нешто друго закажано.

Двајца против два школски класови

Откако Дејвид Мојс седна на тренерската клупа на „Олд Трафорд" Јапонецот Шинџи Кагава го загуби првотимскиот статус. Но тој ја надополни загубената минутажа и заедно со свој сонародник надмудруваа 55 деца кои не се одбранија ниту со пет голмани,

Најпосетениот хокеј меч под отворено небо

Освен Англичаните во фудбал, традиционално седма година по ред редовно коло во првиот ден од годината одржуваат и хокеарите во НХЛ лигата. Настанот е вистински празник во САД, а овој пат срушен е и бројот на посетеност со рекордни 105.591 гледачи.

Новогодишниот офсајд лик: Никлас Бентнер

Во првиот ден од годината традиционално фудбал играат само Англичаните и Шкотланѓаните, а тоа беше сосема доволно да го избереме и првиот офсајд лик во 2014-та. Замислете, сефте голот за Арсенал во новата година го постигна Бентнер но...

Офсајд девојка на годината

Го избравме офсајд ликот на годината, го добивме шампионот на Типстер на полусезоната, но како машка спортска редакција нешто ни фали. Грев е да се избере само една, но ние се одлучивме на онаа која е најблиска со фаворитот на „Златната топка" Кристијано Роналдо. Среќна нова.

Благо подобрување за Шумахер

Лекарите од клиниката во Гренобл синоќа му направиле уште една операција на легендарниот возач на Ферари кој се уште е во критична состојба.

ViGI - Типстер шампион на полусезоната

Заврши првиот дел од Типстер натпреварувањето по кој најуспешен се покажа ViGI од Тетово и за своето махерство си заработи таблет.

Офсајд лик на годината: Винсент Тан

Во 2013-та имавме офсајд ликови на денот и на неделата, а неколку од нив заслужија да го добијат и годишното признание, но ние се одлучивме за Винсент Тан, еден од најомразените и дефинитивно најлошо облечен човек во фудбалот.

"Перо Антиќ е прекрасен човек"

Освен што е одличен играч, Перо Антиќ е прекрасна личност со големо срце. Ние тоа го знаеме уште одамна, а сега и коментаторите на Атланта добро го запознаа нашиот Перо и го претставија на публиката во САД.

Историски моменти во спортот за 2013

Голема е конкуренцијата кога треба да се издвојат најатрактивни голови или одбрани од цела година, но во изминативе 12 месеци се случија неколку важни, но и некои епски случки кои се малку и кои не се повторуваат секоја година во спортот. Еве кои ги издвои Си-Ен-Ен.

Респект за Англичаните

За Божиќ, за нова година, пред нова година. Сите паузираат, јадат, пијат, се веселат, а само Англичаните се потат па уште и ги зголемуваат дозите на фудбал. Да ја наградиме нивната желба за трчање со најубавите голови од пониските лиги од овој предновогодишен викенд.

Фудбалската комедија во 2013

Во изминатава година на фудбалските терени видовме премногу убави дриблинзи, додавања и голови, но и многу смешни ситуации. Уживајте во 27-минутната компилација со најинтересните моменти во фудбалот во 2013-та година.

Четирите скокалници - врв на ски сезоната

Она што е Лигата на шампиони во фудбалот или Гренд Слем во тенисот, во светот на зимските спортови секако е новогодишната скокачка турнеја или едноставно позната како „Четири скокалници".