Offside

На фотографијата се Гоце од Македонија и Новак од Србија, сликани во Грција. Што ги поврзува? И двајцата се големи навивачи на Црвена Ѕвезда, која синоќа на гости го победи европскиот првак Олимпијакос со 62:57. Благодарение на наш Гоце, човекот со 24 Гренд слем титули упати поздрав до Македонија.

Се појави дрон и во Премиер лигата

Инцидентот во Белград не треба да биде, но како да им станува инспирација на навивачите кои овој викенд управуваа со летало на стадионот Етихад.

Нема пенал за џудо потег

Кога веќе судијава не му даде картон или барем фаул за потегов, можеше да му даде поени за одлично извршена ката.

Руди Гарсија ги исмеа фоторепортерите

На прес конференцијата во пресрет на дуелот со Баерн Минхен, Французинот не дојде до збор од блицевите што светкаа на секоја секунда, па реши да им покаже на новинарите како е да се седи од другата страна.

Диего Коста знае и во рикверц

Претходно правецот го држеше со помош на Дрогба.

Спарта Прага и Слован ќе евоцираат спомени на Чехословачка

Натпреварот меѓу чешкиот и словачкиот клуб од ЛЕ можеби нема да биде најинтересен во четврток, но ќе биде прилика екипите да се присетат на дуелите од заедничката држава.

Размената меѓу Баерн Минхен и Рома

Третото коло од Лигата на шампионите кое стартува утре носи дерби пресметка меѓу германскиот првак и италијанскиот вицешампион. На Олимпико се враќаат Бенатиа и Гврадиола.

Чекајќи за НБА

Џулијан Њуман има 12 години (по старо, 6-то одделение). Тренира и игра баскет. За да не се чудите за 10 години кога ќе го гледате на некоја Олимпијада, и заради муабетот "кој знаеа што хемија зема" (не дека не) ѕирнете му ја тренинг програмата. Нешто нејасно?

Голманот Маноне ќе им ги враќа парите на навивачите

По дебаклот на Сандерленд во Саутемптон (8:0), Италијанецот решил да зборува со целата екипа за да соберат пари и да ги утешат фановите. Саутемптон сега е трет, со само бод помалку од Манчестер Сити, а Сандерленд е 17-ти.

Осврт на второто коло од Бизнис лигата

Во второто коло на Бизнис Лигата на Македонија бевме сведоци на натпревари кои ни го одземаа здивот. Екипите беа доста уиграни, а оние кои претендираат за влез во F8 демонстрираа вистинска моќ на теренот. 

ВБА – Манчестер Јунајтед во 20:45

Од спорт на ТВ ви ги препорачуваме последните натпревари од ова коло во најсилните фудбалски лиги, како и преглед со голови.

Пораз за ЖРК Вардар во Подгорица

Македонскиот женски ракометен шампион не успеа да извлече позитивен резултат во првото коло од женската ракометна лига на шампиони. Европскиот вицешампион заслужено славеше со 23:17.

Реми за Вардар од драмата во Монпеље

Во второто гостување сезонава, „црвено-црните" извлекоа реми (34:34) против Монпеље и сега имаат 3 победи и 1 реми во групата Ц. Вардарци стигнаа до бодот во последниот напад кој го реализираше Игор Карачиќ со што Скопјани се на чекор од пласман во следната фаза.

Шкендија - Вардар на собраниски и Монпеље - РК Вардар на Алфа ТВ

Од спортската програма за денес ви ги препорачуваме фудбалското дерби во домашната лига, ракометното деби на ЖРК Вардар во Лигата на шампионите и гостувањето на МРК Вардар во Монпеље, како и фудбал од најдобрите европски лиги.

Немоќен, непрепознатлив и потиштен Металург

Македонскиот ракометен шампион продолжува да тоне сезонава во ракометната Лига на шампиони. Бундеслигашот Кил беше немилосрден во „Борис Трајковски“ и му го нанесе еден од најтешките порази на тимот од Автокоманда со 15 голови разлика.

Врбица до дебитантска победа како тренер на МЗТ Скопје

Тренерската смена на клупата донесе позитивна реакција кај играчите на МЗТ Скопје, кои стигнаа до втората победа во АБА лигата сезонава, овој пат против унгарскиот Шолнок (74:58).

Металург – Кил и МЗТ Скопје - Солнок во 21:00

Во спортската викенд понуда се враќаат натпреварите од најквалитетните фудбалски национални првенства, а ви ги препорачуваме и мечевите на нашите претставници во ракометната Лига на шампиони и регионалната кошаркарска лига.

Миро од Сплит до Комшија Хашим

Меѓу коментарите на социјалните мрежи околу инцидентите на стадионот ЈНА во Белград, големо внимание предизвика Хрватот кој му се обрати на Албанец на порталот Б92.

Лацио ги помирува Србија и Албанија

За да смират малку работа, тв каналот на Лацио ги собра на куп своите играчи од српската и албанската репрезентација, за да си пружат рака. (од лево кон десно) Лорик Цана, Филип Ѓорѓевиќ, Етрит Бериша, Душан Баста и Томас Стракоша.

Алба – ЦСКА Москва во 20:15

Од спорт на ТВ за денеска ви препорачуваме еден фудбалски натпревар, а се друго е кошарка. Меч од македонско првенство и Евролига.

Мурињо иронично му врати на Рој Кин

Откако Ирецот изјави дека малку фалело да го нокаутира Специјалниот по некоректниот потег за време на дуелот меѓу Челси и Астон Вила, Португалецот возврати во свој стил.

Како Американка се чуди на балканско навивање

На синоќешниот меч од Евролигата помеѓу Црвена Звезда и Галатасарај, плејмејкерот на домаќините Чарлс Џенкинс во прв ред ја смести сестра му. Таа или прв доаѓа на спортски настан во сала или пак во НБА амосферата е театар за разлика од ова.

Го имаме ли дриблингот на сезоната?

Џордан Ботака од Ексцелзиор направи потег кој заслужува да го погледнете повеќе пати. Ние уште не знаеме како десното крило го изведе тоа.

Лорик Цана пред 6-месечна суспензија?

Капитенот на албанската репрезентација и фудбалер на Лацио, Лорик Цана би можел остро да биде казнет од УЕФА, по инцидентите на мечот Србија - Албанија во Белград. Играчот со потекло од Косовска Митровица се терети за напад на навивач кој влегол во теренот.