Полицијата уапси 41 годишен маж од Нотингем кој на саботниот дуел помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем е забележан како управува дрон на источната трибина на стадионот Етихад. Портпаролот изјавил дека е уапсен поради тоа што го прекршил редот во воздухопловната навигација.
„Беспилотните летала претставуваат закана за безбедноста на толпата и може да предизвикаат тревога меѓу луѓето. Дури и малите вакви направи може да летаат по 7-8 километри и да предизвикаат повреда или одредена штета. Во случајот за среќа никој не беше повреден“, се вели во соопштението на англиската полиција.
Фудбалерите на Манчестер Сити, Александар Коларов и Матија Настасиќ беа во составот на својата репрезентација кога за време на квалификацискиот меч помеѓу Србија и Албанија, гостинските навивачи управуваа со леталото на кое беше закачено знаме од голема Албанија.
За инцидентите се уште се чека реакција од УЕФА која треба да ги одреди казните, а првичната реакција на Мишел Платини беше, што ако на дронот наместо знамето имаше бомба?