Мехди Бенатиа
Дел од успешната ланска приказна на Рома која го освои второто место во Серија А беше дефанзивецот од Мароко кој одигра 33 меча и постигна 5 голови.
Баварците сакаа да го пополнат местото на повредениот Чави Мартинез и по барање на Гвардиола, Бенатиа кој сепак не фати многу место во место. Од него најдобро профитираа Римјаните кои ќарија 26 милиони евра за трансферот.
Пеп Гвардиола
Поранешниот газда Сенси, во Рим го донесе од Бреша во 2002 каде настапуваше заедно со Роберто Баџо, но одигра само 5 меча од кои еден натпревар во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Минатата година стана тренер на Баерн Минхен откако прифати да му биде наследник на Јуп Хејнкес кој имаше историска година и три титули за една година.
Лука Тони
Пред Бенатија и Гвардиола, познат напаѓач патуваше на релација Италија-Германија, но во обратен правец. Актуелниот напаѓач на Верона во првата сезона со Баерн стана најдобар стрелец во Бундеслигата со 24 голови.
Соработката со германскиот тим му заврши во сезоната 2009/2010, а по низа повреди Тони заврши во Б тимот на Баерн. Потоа во Рома на 15 меча постигна 5 гола.
Самуел Куфур
Во сезоната 2005/2006 од Минхен во Рим слета одбранбениот фудбалер од Гана кој до 2008 година оствари 21 настап. Во меѓувреме го праќаа на позајмица во Ливорно и Ајакс.
Со Баерн Минхен за 9 години стигна до 5 титули во домашното првенство и една во Лигата на шампионите која ја освои на Сан Сиро на пенали против Валенсија во 2001 година.
Паоло Серџо
Заедно со него во Баерн играше бразилскиот напаѓач кој за три сезони на сите натпреварувања одигра 125 натпревари, постигна 35 голови и освои 8 трофеи.
За разлика од Куфур, Паоло Серџо беше стандарден во Рома под водство на Земан и за две сезони на 64 меча постигна 24 голови.
Руџеро Рицители
Стана првиот Италијанец кој заиграл во Баерн Минхен каде тренер му беше славниот Џовани Трапатони. За две години успеа да освои шампионска титула, куп и Супер куп на Германија.
Италијанскиот напаѓач претходно настапуваше 6 сезони за Рома со која го во 1990/1991 го освои италијанскиот куп, а истата сезона во финалето го загуби Купот на УЕФА од Интер.
Томас Бертолд
Заедно со Рицители во тој на тим на Рома играше и поранешниот дефанзивец кој играше и во среден ред. За Рома одигра 62, а за Баерн 30 натпревари.