Околу 2.500 навивачи на „црните мачки“ пропатуваа 700 километри за да видат 8 гола во својата мрежа, по што гостувањето на „Сент Мери“ стадионот ќе им остане во најлошо сеќавање. Aвтоголот на Аргентинецот Сантиаго Верџини ја најави катастрофата од 8:0, што стана најубедлив пораз на Сандерленд во натпревар од Премиер лигата.
„Лично ги повикав сите играчи и стручниот штаб, за да се договориме да им компензираме на навивачите за патните трошоци и картите за мечот“, вели Вито Маноне за ББС.
Грациано Пеле, Душан Тадиќ, Виктор Вањама и Садио Мане му ја искинаа мрежата на Маноне, по што Саутемптон е трет на табелата со само бод помалку од Манчестер Сити.
„Добро го почнавме натпреварот, но после првиот примен гол ни падна концентрацијата. Воопшто не се трудевме и ги заслужуваме сите критики од навивачите. Знам дека им е многу тешко и се надевам дека со тоа што ќе им ги вратиме парите, бар малку ќе ги утешиме“, констатирал Маноне по осмицата во неговиот гол.