Најдобар поединец и најзаслужен за победата на својот тим ArcelorMittal беше Игор Мирчевски кој со 5 погодоци е најдобар стрелец на колото.
Даниел Настевски од Montenegro и Дејан Зиков кај екипата на Лукоил постигнаа по 4 голови, а по нив најпрецизни беа Влатко Петровски кај ЕЛЕМ и Даско Кадински кај Eurolink кои постигнаа хет-трик.
За голман на второто коло е прогласен Јорданчо Јакимоски од тимот на Montenegro, а тренер на колото е Нестор Алексиевски, стратегот на екипата на Македонски Телеком.
За Екипа на второто коло прогласена е ArcelorMittal.