Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Коби заигра, Лејкерс триумфираа, Њујорк тешко без Мело

Синоќа во НБА се одиграа шест натпревари, а вечерта ја обележи враќањето на Коби Брајант и победата на неговите Лејкерси против Индијана 88:87. Токму Коби со кош на 13 секунди пред крајот го одлучи победникот. Коби меѓу другото имаше 20 поени и по шест скокови и асистенции.

Нова година, нов пораз за МЗТ Скопје

Петти пораз за МЗТ Скопје во шестиот меѓусебен дуел со Будуќност. Црногорците вечерва славеа во Скопје 85:61 и му го нанесоа на МЗТ единаесетиот пораз во сезоната, која е резултатски најлоша од сите три на Скопјани во АБА лигата.

Импресивната Атланта го покори и Портланд

Со деветтиот триумф на последните 10 средби, кошаркарите на Атланта Хокс имаат фантастичен скор од 25 победи и 8 порази. Лидерската позиција во источната конференција ја имаат во овој период за прв пат по 1997 година.

Рондо ги победи своите, Атланта прва на Истокот

Од 2008. година до 18. декември минатата година, Ражон Рондо играше за Бостон, од каде замина во Далас. Токму во синиот дрес ја одигра можеби најдобрата партија во кариерата, по што Далас славеше против неговиот Бостон 119:101.

Мареј – Ѓоковиќ во 16:00

Првата спортска сабота во 2015-та стартува со финале од ревијален тениски турнир, меч од ФА купот и неколку натпревари од шпанското фудбалско првенство.

Фудбалски дрес од Македонија за најдобриот типстер

Боби Бошковски е најдобриот Типстер за месец декември и за тоа кладилничарско знаење или интуиција ќе му подариме дрес од македонската фудбалска репрезентација.

Третото коло од ФА купот кое се играше 66 денови

Фудбалот кај нас мирува, инаку ако требаше да се игра на ѕиврава, натпреварите ќе мораше да се префрлат во сала. Пред 52 години, Англичаните се соочија со најголемиот студ од 1740-та година и натпреварите мораа да ги одложат 261 пати.

Меси за публика

Една јапонска телевизија го предизвика Лионел Меси да се обиде да ја прими топката, откако претходно ќе ја рогне преку барикадата висока 18 метри.

Црна 2014-та од навивачки аспект

Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.

Новогодишниот дочек на Роналдињо

Бразилската ѕвезда ги рипна тренинзите за Божиќ па потоа објави слика дека заминал кај семејството. И покрај отсуството со денови, мексиканскиот клуб Куеретаро одлучи да не го казни, а тој објасни каде бил и за Нова година. Објективот успеал да фати 13 девојки.

Стивен Џерард – Една година во мојот живот

Првата неочекувана спортска вест во 2015-та е официјалното заминувањето на Џерард од Ливерпул кое ќе се случи по крајот на сезонава. Тоа не потсетува на разделбите Лампард – Челси, Дел Пјеро – Јувентус кои исто така не се очекуваа. Причините се нов предизвик пред пензија.

Одбраните на Штербик и Станиќ меѓу најдобрите во сезоната

Двете интервенции во ист напад на голманот на Вардар против Рајн Некар и онаа на поранешниот голман на Металург против ПСЖ, влегоа во потесниот избор на ЕХФ кој состави листа на најдобри одбрани од првиот дел од сезонава во Лигата на шампионите.

Хари Кејн е нов миленик на Вајт Харт Лејн

Со два гола и една асистенција на новогодишното дерби против Челси, 21-годишниот Кејн полека го заработува повикот за сениорската репрезентација на Англија. Во 2014-та постигна 15 голови во сите натпреварувања и сега само Агуеро од Сити има подобар скор од него.

Топ 10 НБА потези за 2014-та

Блокадата на Кенет Фарид со две раце, забивањето на Теренс Рос, јуначкиот шут на Винс Картер против шампионот влегоа во најтесниот избор од најдобри потези за минатата година. Првата позиција оди кај Дамиан Лилард кој со решавачки шут на 0.9 секунди до крајот му ја донесе историската 14-та победа по ред на Портланд.

Романтична приказна со сезонска карта на Саутемптон

Англискиот премиерлигаш му помогна на младиот навивач на клубот, Тим, да ја запознае девојката што ја меркал цела сезона, а што седела неколку реда подолу од него на трбините.

Ќе можат ли Кавси 15 дена без Леброн?

Ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс во последниот ден од 2014. бил на снимање на коленото и грбот, по што лекарите му наложиле пауза од две седмици. Екипата од Охајо веќе нанижа три порази по ред, по што јавноста се нафрли на тренерот Дејвид Блат, кој игра без Андерсон Варежао.

Интервјуа на Офсајд во 2014-та

Не направивме математика што беше најчитано годинава на нашето спортско милениче Офсајд, туку ги собравме на купче разговорите со ценетите Стиков, Адеми, Панчев, Бабунски, Лекиќ, Радичевиќ, Муарем Муарем, Тупан, Стефан Ристовски, Војдан Стојановски, Калински и Зоте.

Или сина боја или празен стадион во Кардиф

Навивачите на клубот од Велс за денес организираат марш за враќање на традиционалната сина боја, која сингапурскиот газда им ја смени во црвена заедно со грбот на клубот.

Најдобрите 10 трансфери на Сер Алекс Фергусон

Царот е роден 41-ва во последниот ден од годината. Стапна на „Олд Трафорд“ во 1986-та и се бетонираше до 2013-та. Освои 39 трофеи и тренираше еден куп играчишта, а од нив може да се направи многу подолга листа од оваа.

Најголемите промашувања во Бундеслигата

Германците имаат најдолг 6 неделен зимски распуст. Освен одмор и подготовка за вториот дел од сезоната, ќе можат да фаќаат сеир на најголемиte 10 зицери. Колегата на Новески ископа дупка, Хунтелар се посрамоти во контрата, а Филип Хофман посака голот да е повисок.

10 духови во Серија А

Неколку играчи изминатово лето се вдомија по италијанските екипи, но веќе во јануари ќе треба да пакуваат куфери. Дојдоа како засилувања, не играа доволно, по што клубовите решија или да ги позајмат или да ги продаваат во следниов зимски трансфер преоден рок.

Како Черчи ги минува пречките на тренинг

Галијани направи добар пазар со позајмицата на Черчи кој не се снајде во шпанскиот фудбал, ниту на тренинг.

Одличен финиш на годината за Перо и Атланта

Јастребите ја остварија и 24. победа сезонава, откако доцна синоќа по втор пат годинава го совладаа Кливленд, 109:101. Кавалерс играа без Леброн Џејмс, додека Антиќ одново беше стартер и одигра 23 минути.