Легендарната 8-ка ќе го напушти „Енфилд Роуд“ по речиси 17 години, 10 трофеи, 695 настапи и 180 голови, откако стана дел од младинската академија на клубот.
Ливерпул преку својот веб сајт соопшти дека Џерард нема да се пензионира по завршувањето на сезоната 2014-2015, туку донел одлука кариерата да ја продолжи во друг клуб кој нема да биде од Велика Британија.
„Ова беше најтешката одлука во мојот живот која мене и моето семејство не направи да бидеме очајни во голем дел од времето. Го објавувам тоа сега, за тренерот и клубот да не можат да се збунуваат од разни шпекулации за мојата иднина.
Ливерпул е толку голем дел од сите наши животи, што збогувањето ќе биде многу тешко, но чувствувам дека тоа е најдобро за сите вклучени, вклучувајќи ги и моето семејство и клубот. Ќе одам да играм на друго место, но сега не можам да потврдам каде ќе биде тоа. Можам да кажам дека тоа нема да биде конкурентски клуб.
Одлуката целосно се базира на мојата желба да доживеам нешто различно во мојата кариера и животот, а исто така сакам да не се каам кога ќе ми заврши кариерата.
Не можам да им се заблагодарам доволно на Брендан, сопствениците и сите во клубот за начинот на кој што постапија кога соопштив дека ќе си заминам. Би сакал да им се заблагодарам и на моите соиграчи и сите вработени за нивната помош и континуирана поддршка.
Местото во кое јас бев дел, беше посебно. Искрено се надевам и имам желба еден ден повторно да му служам на Ливерпул, во тоа што ќе биде потребно.
Тоа што е многу важно да се направи е дека отсега па до последниот шут на последниот натпревар во сезоната, ќе бидам целосно посветен на тимот, како што секогаш сум бил и сум давал се за да му помогнам да победува.
Мојата крајна порака е за луѓето кои го направија Ливерпул, најдобриот во светот – тоа се навивачите.
Ми беше привилегија да ве претставувам како играч и како капитен. Ја негував секоја секунда од тоа и мојата искрена желба е да ја завршам оваа сезона и кариерата во Ливерпул на високо ниво“, се вели во соопштението на Џерард.
Тој беше последниот играч на Ливерпул од легендарното финале во Лигата на шампиони во Истанбул против Милан.
По европскиот пехар во 2005-та, Џерард блесна и во следната. Го освои ФА купот, а во финалето против Вест Хем постигна два гола, од кои едниот од 35 метри за израмнување и продолженија и потоа победа на пенали. Со тој гол стана единствениот играч кој бил стрелец во финале на ФА куп, Лига куп, Куп на УЕФА и Лига на шампиони.
Сезоната 2005/2006 ја заврши со 23 голови, а се израдува и во финалето од Комјунити Шилд. Беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата, а УЕФА го смести во тимот на годината.
2006 година најдобро му е архивирана во документарецот „Една година во мојот живот“