Рондо ги победи своите, Атланта прва на Истокот

Од 2008. година до 18. декември минатата година, Ражон Рондо играше за Бостон, од каде замина во Далас. Токму во синиот дрес ја одигра можеби најдобрата партија во кариерата, по што Далас славеше против неговиот Бостон 119:101.

Перо Антиќ од клупата ја виде победата на неговата Атланта против Јута 98:92, триумф со кој јастребите се искачија на првото место на Источната конференција. Џеф Тиг се врати во екипата и постигна 26 поени и осум асистенции. Џезерите ги предводеше Гордон Хејворд со 18 поени.

Атланта во моментов со 24 победи и 8 порази е лидер на Истокот, пред се’ благодарение на поразот на Торонто од Голден Стејт.

Кливленд се снајде и без Леброн Џејмс против Шарлот Хорнетс.91:87. Апсолутна доминација на Кевин Лав ој даде 27 поени (9/15 од игра) и 5 скокови. Кајри Ирвинг додаде 23 поени, а Тристан Томпсон имаше учинок од 14 поени и 14 скокови. Најефикасен кај Шарлот беше Хендерсон со 14 поени, 8 скокови и 4 асистенции.

Ражон Рондо беше силно мотивиран да се докаже против својот Бостон, од каде замина во Далас ој има поголеми шанси за пласман во завршницата. Рондо доби стоечи овации во ТД Гарден салата, во неговиот прв натпревар ако противник на Бостон Селтикс.

Рондо го заврши натпреварот со 29 поени, од кои дури 15 уфрли во првата четвртина и беше најдобар стрелец на натпреварот, 119:10. Со него во тимот, Маверикс го поправија учинокот и сега имаат 24 победи и 10 порази, така што се четврти на Западот. Голем допринос во победата на Далас имаа и Монта Елис со 22 поени и Дирк Новицки со 17 поени. Кај Бостон, најефикасни беа Ејвери Бредли со 22 погодоци и Тајлер Зелер со 17 поени и 10 скокови.

Ражон Рондо во стилот на Џордан:

За прв пат сезонава Оклахома Сити има половичен скор, 17 победи и 17 порази, а најзаслужен за вчерашната победа над Вашингтон 109:102 беше Кевин Дурант со 34 поени (12-18 од игра) и 8 скокови. Расел Вестбрук уфрли 22 поени и 6 асистенции. Во Вашингтон, Бредли Бил прв стрелец со 21 поен, 10 скокови и 6 асистенции.

Стеф Кари одигра фантастичен натпревар, постигна 32 поени (10-18), 5 скокови и дури 12 асистенции, со што беше најзаслужен за триумфот на Голден Стејт Вориорс против Торонто Репторс 126:105. Кари успешно го следеа Спејтс со 26 поени и Клеј Томпсон со 20. Кај рептилите од Торонто, Грејвис Васкез забележа 25 поени и 7 асистенции, а Кајл Лаури додаде 22 со 8 асистенции.

„Дијамантското“ додавање на Стефон Кари:

НБА Резултати:

Шарлот - Кливленд 87:91
Орландо - Бруклин 98:100
Бостон - Далас 101:119
Њујорк - Детроит 81:97
Њу Орлеанс - Хјустон 111:83
Оклахома - Вашингтон 109:102
Милвоки - Индијана 91:94
Феникс - Филаделфија 112:96
Јута - Атланта 92:98
Голден Стејт - Торонто 126:105
ЛА Лејкерс - Мемфис 106:109