Таг: ражон рондо

Врвен маалски потег на Јокиќ против Лејкерс

Во триумфот на Денвер Нагетс над ЛА Лејкерс со 115-99, Никола Јокиќ освен што даде 12 поени и имаше 17 скокови и 8 асистенции, направи и една добра зафрканција додека топката одеше во аут.

Забивање на годината во НБА?

„Немав забиено преку три години“, изјави Ражон Рондо после мечот против Никс на кој за малку обрачот не му остана во рака. Рондо имаше голем удел во триумфот на Кингс со 16 поени, 12 асистенции и 9 скокови, а неговиот соиграч Квинси Ејси имаше интересна реакција на клупата.

Рондо ги победи своите, Атланта прва на Истокот

Од 2008. година до 18. декември минатата година, Ражон Рондо играше за Бостон, од каде замина во Далас. Токму во синиот дрес ја одигра можеби најдобрата партија во кариерата, по што Далас славеше против неговиот Бостон 119:101.