Offside

Најдобриот фудбалер на Светското првенство 2026 и најдобар играч на светот според изборот на ФИФА за 2025, Шпанецот Родри најверојатно ќе премине во Барселона. Иако долго време го поврзуваа со Реал Мадрид.

10 најпродавани дресови во 2014-та

Само три клубови може да се пофалат со милионска продажба на дресови во изминатава година.

Михаел Шумахер една година подоцна

Пред 365 дена, во местото Шоле на Алпите, најтрофејниот пилот во Ф1 отиде на патеката Мерибел на скијање со синот и пријателите, на само 10 минути од неговата вила.

Кој колку трча во Барселона

Лео Меси лесно ќе ве претрка и да сте со точак, а Жорди Алба може слободно да го пријават на подолги маратони.

Антверпен е градот на уличниот фудбал

The Game City е документарец за градот со најмногу маалски игралишта во Белгија на кои се мешаат разни култури, нации, вери, религии. На тие игралишта, фудбалски растеле Раџа Наинголан од Рома, Муса Дембеле од Тотенхем, Аксел Витсел од Зенит и други познати играчи.

Реал ги сруши најдобрите, а Борусија најлошите рекорди

Од најсилните првенства кои имаат зимска пауза, фудбалерите на Баерн Минхен, Реал Мадрид, Јувентус и Олимпик Марсеј со победнички дух ќе ја дочекаат новата година. Барселона и ПСЖ треба да работат на грешките, а Борусија Дортмунд да научи како се победуваше.

Како рангира ФИФА зад фудбалската сцена

Навивачите најчесто ги бројат головите и бодовите, но дали знаат на кој начин ФИФА ги рангира светските фудбалски селекции и колку бодови носат натпреварите меѓу земји од различни континенти? Позицијата на Македонија во 2014-та варираше од 73-то до 112-то место.

Премиерлигашки забавник

По двете празнични кола одиграни во само два дена, Челси ја освои есенската титула, откако Барнли го изненади Манчестер Сити на Етихад 2-2. Јунајтед ремизираше против Тотенхем 0:0, како и Челси против Саутемптон на гости 1:1. Вечерва Ливерпул го пречекува Свонси.

Никси со повреден Кармело и во криза

Њујорк Никс загубија 17 од последните 18 натпревари и продолжуваат да тонат. И покрај повреденото колено, Кармело Ентони, со 30,3 поени во просек на последните 6 средби е најдобриот играч на Њујорк сезонава.

Македонија поуспешна од Израел пред СП во Катар

Во СЦ Јaне Сaндaнски, на последниот натпревар пред домашната публика пред заминувањето на Мундијалот во Катар, македонската ракометна репрезентација го победи Израел 39:37. Гоце Георгиевски најефикасен со 7 погодоци.

Македонија - Израел во 17:45

Викендов продолжува празничното коло во Англија, а дерби натпреварите се играат во Лондон и во Саутемптон. Во Шпанија, празнично кошаркарско Ел Класико, во САД еден меч од НБА, а кај нас подготвителен ракометен натпревар пред СП Катар.

Атланта му се одмазди на Милвоки

24 часа по дебаклот од 30 поени разлика, „Јастребите“ им се реваншираа на Бакси и стигнаа до 22-та победа. Еден триумф повеќе од нив во Источната конференција имаат кошаркарите на Торонто Рапторс кои славеа над Клиперси.

МЗТ Скопје со пораз во Задар ја завршува 2014-та

По борбената партија против Евролигашот Црвена Звезда и триумфот над Мега Лекс, кошаркарите на МЗТ Скопје ги стаса заморот во третиот одигран меч за шест дена во регионалната кошаркарска лига.

Задар – МЗТ Скопје во 19:00

Спортската сабота денеска е резервирана за кошаркарските натпревари во регионалната лига, една средба од НБА лигата и дерби во грчкото првенство.

Атланта декласирана, Перо не играше, Дирк до рекорд

Со само четири погодени тројки од 23 обиди, Хокси немаа што да бараат против Милвоки Бакс и загубија 107:77. Во дербито на вечерта, Хјустон го победи Мемфис Гризлис после продолженијата 117:111.

Ќе се повтори ли овој „Боксинг деј“?

Најефикасниот Божиќ Англичаните го имаа пред 51 година, кога во едно коло беа постигнати 66 голови.

Реобединување на Висенте Калдерон

Кога ќе се врати на неговиот најомилен стадион, Фернандо Торес ќе се сретне со некои од поранешните соиграчи, противници и колеги од репрезентацијата на Шпанија.

Најдобрите 50 голови за 2014-та

Компилацијата е направена со познати играчи од големи клубови. Второто и третото место се резервирани за Рома, а на прва позиција е рабоната на Ламела.

Сите бомбардери во 2014-та

Тото Ди Натале е лидер во Серија А со 21 гол годинава, Мејер во Бундеслигата, а Кристијано Роналдо во Примера. Ибракадабра е само трет стрелец во Франција, додека изненадувачки лидер има во Премиер лигата. Головите се изброени од целата 2014 година, севкупно со крајот на минатата сезона и почетокот на актуелната.

Македонските репрезентативци во Катар ќе грицкаат семки

Производителот на спортска опрема Ли Нинг направи три различни варијанти на дресови за македонската ракометна репрезентација која на 16 јануари ги почнува настапите на СП Катар 2015. На сајтот на РФМ пред една недела беше презентиран само горниот дел, а на денешниот тренинг ги видовме и шорцевите.

Лампард останува во Манчестер Сити до март

Откако даде шест и намести два гола од август, Френк Лампард игра сè поважна улога во Манчестер Сити, по што клубот реши уште да го држи на позајмица. Јаја Туре нема да игра во јануари, затоа што мора да оди на Купот на Африка со Брегот на Слоновата Коска.

Време е за „Боксинг деј“

Додека другите слават, Англичаните традиционално за Божиќ и Нова година го билдаат календарот со многу фудбал. Денес ќе може да гледате две лондонски дербија, а во недела Манчестер Јунајтед му гостува на Тотенхем.

Императорот слета во Нормандија

Поранешниот фудбалер на Интер, Рома и Фламенго, по катастрофалните изданија во Бразил, реши да му се врати на европскиот фудбал и потпиша договор со францускиот второлигаш Ле Авр.