Во неизвесен натпревар СЦ Борис Трајковски го совлада ОНЕ

Првиот ден од 16. коло во Бизнис лига на Македонија со победи го отворија ЕВН и СЦ Борис Трајковски, додека Глобко Логистик и Доминос Пица одиграа без победник.

ЕВН во фер плеј натпревар го совлада Контрола на летање

ЕВН 8-4 (4-0) Контрола на летање
ЕВН: Дарко Милошески 3’, Трајан Аџиев 4’, 12’, Илија Мандаров 16’, Благојче Кулев 27’, Бојан Маџовски 33’, Жарко Пунтевски 37’, Дејан Китановски 39’
Контрола на летање: Сашо Бојчин 22’, Филип Милков 33’, Едмонд Калиќи 35’, 40’
Одличен натпревар во духот на фер плејот одигра екипите на Контрола на летање и ЕВН. Во текот на целиот натпревар екипата на ЕВН ја имаше иницијативата, екипата на Контрола на летање во неколку наврати се обиде да фати резултатски приклучок, но тогаш до израз дојде одличната физичка подготвеност кај ЕВН која не дозволи да падне ритамот на игра и издвојува победа на овој натпревар од 8-4.
 
Во неизвесен натпревар СЦ Борис Трајковски го совлада ОНЕ

ОНЕ 4-6 (1-4) СЦ Борис Трајковски
ОНЕ: Дарко Таневски 7’, 38’, Ивица Тимотиевиќ 22’, Илхан Алити 26’
СЦ Борис Трајковски: Јован Димовски 2’, Ивица Митов 3’, Дамјан Силјановски 12’, Влахо Костов 15’, 40’, Љубомир Стојановски 36’
Екипите на СЦ Борис Трајковски и ОНЕ одиграа натпревар во кој беше присутна неизвесноста до самиот крај. Прва дојде до водство екипата на СЦ Борис Трајковски и со тоа ја стави екипата на ОНЕ во позиција условно да брка резултат во текот на целиот натпревар. Во ваквата игра правовремено поентираше СЦ Борис Трајковски не давајќи му на ОНЕ да го израми резултатот, за да на крајот издвојува победа од 2 гола предност (4-6).
 
Глобко Логистик и Доминос Пица ги поделија бодовите

Глобко Логистик 3-3(1-2) Доминос Пица
Глобко Логистик: Иван Стојановски 3’, 36’, Александар Божинов 24’
Доминос Пица: Рубин Ангелевски 2’, Бојан Стојковски 19’, 22’
Доминос Пица го отвори овој натпревар уште на самиот почеток постигнувајќи погодок во 2’ со играч помалку, кој Глобко Логистик не го искористи. Во понатамошниот дел од полувремето Глобко Логистик се трудеше да изедначи, но поседот на топката беше во поголемиот дел од полувремето кај Доминос Пица, па не успеа во тоа. Полувреме 1-2. Во второто полувреме екипата на Глобко Логистик успеа да го изедачи резултатот, но не и да дојде до победа за да на крајот ги поделат бодовите (3-3).
31 март 2015 - 15:58