Кога Поборски го спречи Вардар да испише историја

Славниот чешки репрезентативец кој денеска полни 43 години, се прослави како играч на Манчестер Јунајтед и Лацио и е рекордер со 118 настапи за репрезентација. Свеќи сигурно нема да му дуваме после тоа што ни го направи на Градски.

Вардар во 2003 година беше најблиску до пласман во групна фаза во Лига на шампиони, но во третото квалификациско коло го загуби двомечот против Спарта Прага со вкупни 5:4, (2:3 дома па 2:2 на гости). Кај што чешкиот тим ни даде гол од слободен удар, додека црвено - црните го местеа жив ѕидот по што летаа мобилни накај судијата, Карел Поборски ни даде уште два гола во Скопје и еден во Прага.

Инаку другите најмногу го паметат по легедарниот лоб против Португалија кога ја однесе Чешка во полуфинале на ЕП 1996.

 

 

30 март 2015 - 14:39