Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Подобро да ја оставеше во аут

Намерата му беше да спаси аут, но од тоа излезе билијард потег од кои се самоповреди и го нокаутираше судијата. Моментот е од мечот Реал Мадрид - Гран Канариа во шпанската лига.

Фудбалерите на Реал Мадрид нишанат најпрецизно

Кога судијата ќе означи почеток, првата и главна задача е како најбрзо и без утки да се постигне гол. Во Италија заедно со Јуве, тоа со најмалку обиди го прават играчите на Палермо кои се попрецизни дури и од Манчестер Јунајтед, Сити, Арсенал, Баерн Минхен.

Пет годишна забрана за сечењето глава

Откако со кореографија го „обезглавија“ нивниот поранешен миленик, Стивен Дефур, навивачите на Стандард Лиеж ги чекаат драстични казни. За суспензија се залага и белгиската влада, која го осуди инциндентот на неделното дерби.

Ванче Шиков никој не го натскокува

Фудбалерот на Австрија Виена, Даниел Ројер со микрофон во рака шета низ хотел и ги интервјуира колегите. На ред доаѓа и македонскиот репрезентативец кој минатото лето потпиша за Австрија и кој вели дека минатата сезона не загубил ниту еден воздушен дуел со глава.

Кој е кој меѓу лондонските фудбалски навивачи

Во главниот град на Англија секој навивач има омилен тим, а изгледа дека многумина го одбрале својот врз основа на репутацијата која навивачите на тој тим ја изградиле во тепачките со ривалите во седумдесетите и осумдесетите години.

Ленс Армстронг пак би се дрогирал

„Мислам дека историјата не е глупава, туку таа надополнува многу работи. Ако ме прашате за 50 години, би рекол дека тие места не се празни, се чувствувам како јас да сум ги освоил“, вели седумкратниот освојувач на Тур де Франс.

Писмо од Курва Суд до Силвио Берлускони

Навивачите на Милан го загубија трпението што го имаа за управата и за најголем виновник за неуспесите на тимот го сметаат Адријано Галијани.

Челси - Ливерпул и Милан – Лацио во 20:45

Во денешната спортска програма нема преноси од СП Катар, туку четири фудбалски натпревари од кои два се дерби средби во Италија и Англија.

Нејмар vs Дамиан

Минатиот викенд, Барселона го декласираше Елче 0:6 на гостински терен. Покрај двата гола и асистенцијата, Нејмар покажа дека на грубо знае да врати со грубо.

Прво место за Борко и Гоце

Најдобрата асистенција од групната фаза на СП Катар ја имаа Мојсо и Столе, а ИХФ направи топ 5 листа на потези кои го одбележаа првиот осминафинален ден. Првата позиција оди кај одбраната на Ристовски и брзата контра на Георгиевски на мечот против Словенија.

Кога волејот не се брани

Скоро секој голман знае дека тешко ќе се справи со шутот од волеј на противничките играчи, а тоа им се случи на голманите на Рошдејл во Англија и Мехелен во Белгија.

Снегот посилен од НБА, одложени два натпревари

Ноќта меѓу понеделникот и вторникот во НБА наместо планираните седум, се одиграа пет натпревари, поради снежната олуја во Њујорк која ги одложи натпреварите на Никси и на Бруклин Нетс.

Внимавајте на средниот ред на Лацио

Трет во Серија А во моментов, не е Интер, не е Милан, а ниту Наполи, туку тимот кој викендов по негативата 0:1 против Милан, направи фантастичен пресврт и победи со 3:1. Според анализата на Газета дело Спорт, скриениот адут на Пиоли доаѓа од средина.

Македонија повторно донесе најмногу профит на Типстер

Дел од Типстерите го погодија и нерешениот исход меѓу Данска и Германија кој заврши 30:30.

Џиџи Супермен Буфон

Капитенот на Јувентус и италијанската репрезентација има 37 години, но и понатаму брани како на 17. Сезонава е меѓу најзаслужните што Јувентус е прв во Серија А со 7 бодови предност во однос на Рома и што ќе игра против Дортмунд во 1/8 финалето од ЛШ.

Фаворитски потоп во ФА купот низ историјата

Викендов во англискиот ФА Куп ќе остане незаборавен, откако Челси, Манчестер Сити и Тотенхем испаднаа од нисколигаши. Брадфорд против Мурињо го направи најголемото изненадување сезонава, по што Специјалниот поединечно му честиташе на секој гостински фудбалер.

Трчајте повеќе или седите дома

Со само три победи, едно реми и дури 16 порази, Парма се наоѓа во ужасна ситуација на дното на табелата во Серија А. Навивачите почнаа да го губат трпението, а пораките му ги кажаа на Касано, очи в очи. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски од овој месец повторно е на позајмица во второлигашот Латина.

Најефикасни во Хрватска, најдобри во Катар

Зацртаната цел на македонските ракометни репрезентативци кои отпатуваа во Катар со план да стигнат до четвртфинале, не се оствари. Но билетот за Рио 2016 сè уште е достижен, а конечниот пласман на ова Светско веројатно ќе им биде најдобар до сега.

Баерн не ги слушал камшиците во Арабија

Германската јавност отвори голема дебата во врска со одлуката на баварскиот клуб да одигра пријателска средба во Саудиска Арабија, во моментот кога во градот Ријад јавно бил камшикуван познат саудиски блогер.

Како тоа не го знаеш Златан Ибрахимовиќ?

Со голот на Ибракадабра од пенал, ПСЖ го победи Сент Етјен на гости и остана на 4 бодови зад лидерот Лион. За време на дуелот, Швеѓанецот играше мајтап со противничкиот фудбалер Пол Баис или поточно „Јас тебе прв пат те гледам, а ти мене мора да ме знаеш“.

Од Ето до Роналдо, сите суеверија на фудбалерите

Камерунецот Самуел Ето никогаш не лета со авион во понеделник, а Златната топка за 2014 секогаш седи на истото место во авионот. Правите суеверија доаѓаат од Африканскиот Куп.

Најдобрата аситенција во изведба на Мојсоски и Стоилов

Светската ракометна федерација направи топ 10 листа на најатрактивни потези од групната фаза на Мундијалот. Најдобрата асистенција е дело на Мојсо и Столе, кои направија чиста гол шанса за Манасков, а најдобрата контра е онаа на Тимур Дибиров.

Фудбалот останува без Хуан Роман Рикелме

Како што најави во декември, легендарниот аргентински фудбалер Хуан Роман Рикелме се повлекува од професионалното играње фудбал.