Иако играат без Бејл, Бензема, Марсело и Модриќ, „Кралевите“ вечерва ќе може да се потпрат на искусниот стратег кој има 73% успешност во нокаут фазата од европските натпреварувања.
Анчелоти (55) триумфално играл натпревари со реванш како тренер на Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ и Реал Мадрид. Во кариерата одиграл 45 нокаут натпревари во Интертото и УЕФА купот, како и во Лигата на шампионите.
Покрај успешноста на ова поле, Анчелоти има три трофеи во Лигата на шампионите и доколку сезонава ја одбрани титулата со Реал Мадрид, ќе стане единствен тренер со 4 пехари од елитното натпреварување. Сo Милан еврoпскиoт врв гo oсвoи два пати и со Реал Мадрид еднаш, лани кога го победи Атлетико Мадрид после продолженијата.
Од друга страна, Анчелоти не е толку успешен во вкупниот однос со Атлетико Мадрид на Диего Симеоне, затоа што на 12 меѓусебни средби има само три победи. Токму тоа беше причина, на прашањето како му е во Мадрид, Анчелоти на шега да одговори:
„Градот е прекрасен, а луѓето се доста гостопримливи. Се чувствувам како дома. Сè би било идеално ако Симеоне не беше тренер на другата страна од градот“.
Реванш мечот од 1/4 финалето на ЛШ меѓу Реал Мадрид и Реал Мадрид се игра вечерва од 20:45. Првиот дуел на Висенте Калдерон заврши 0-0.