Реал бара лек за Атлетико, Старата дама трет пат игра на 22. април

Локалниот ривалитет во Мадрид вечерва повторно ќе добие европски сјај. Реал нема победа против Атлетико на претходните седум дуели сезонава, а во Монако, Јувентус ќе чува еден гол.

РЕАЛ МАДРИД - АТЛЕТИКО МАДРИД (20:45)

- Во претходните осум месеци, Реал и Атлетико Мадрид се сретнаа седум пати, а Кралскиот клуб не победи ниту еднаш. Атлетико славеше два пати во Примера и еднаш во Копа дел Реј и Супер купот. Три средби завршија нерешено.

- Десеткратниот првак на Европа може да се потпре на статистиката, која вели дека 21 од 22 пати кога на првиот меч на гости играле нерешено, секогаш проаѓале понатаму.

- Единствено Спартак Москва во 1991. година го елиминираше Реал Мадрид по ремито во Москва, Кралевите загубија 1-3 на домашен терен.

- Реал ќе игра без Бензема, Модриќ и Герет Бејл.

- Пред поразот 3:4 од Шалке во Лигата на шампионите на Бернабеу, Реал Мадрид имаше 11 победи по ред на домашен терен.

- Атлетико Мадрид по седми пат игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите, каде по петти пат ќе се обиде да влезе во полуфиналето.

- „Јорганџиите“ имаат седум победи и пет порази во вкупно 16 натпревари против шпански екипи во Европа.

- Од септември 2013. година, Атлетико Мадрид победил на пет од осум гостински средби откако дома ремизирал.

Можни состави:
Реал Мадрид -  Касиљас, Карвахал, Варан, Рамос, Коентрао, Иско, Иљараменди, Крос, Хамес Родригез, Роналдо, Хернандез.
Отсути: Марсело (казнет), Модриќ, Бејл, Бензема (повредени).

Атлетико: Облак, Хуанфран, Миранда, Годин, Сикера, Арда Туран, Габи, Тиаго, Коке, Гризман, Манџукиќ.
Отсутни: Марио Суарез (казнет).

МОНАКО - ЈУВЕНТУС (20:45)

- Двете екипи ќе играат за прво полуфинале после повеќе од една деценија.

- Монако прв пат после 1998. година игра против италијански претставник во Европа. Пред 17 години, Французите загубија токму од Јувентус во полуфиналето на ЛШ со вкупен резултат 6-4.

- Тимот од Монте Карло немаше пораз дома на последните осум натпревари во ЛШ сезонава, сè до дуелот од осмина финалето против Арсенал кога загубија 0-2.

- Монако успеал само еднаш од шест пати да помине понатаму кога во нокаут фазата играл против италијански состав.

- Двократниот европски првак Јувентус три пати испадна во четвртфиналето во последните три сезони. Пред две години загубија од Баерн Минхен со вкупни 4-0.

- Избраниците на Масимилијано Алегри ќе се обидат и трет пат сезонава да слават на гостински терен, откако ги победија Малме (0-2) и Дортмунд (0-3).

- Јувентус успешно го заврши последното гостување во Франција, кога го совлада Лион 0-1 во четврт-финалето од Лигата на Европа. Против француски екипи на гости, Јувентус има 4 победи 2 нерешени и 5 порази.

- Јувентус по трет пат во ќе игра во Европа на 22. април. До сега победувал во два наврати кога играл на овој датум (1-0 против ПСЖ во УЕФА 1992/1993, против Барса во ЛШ 2002/2003 после продолженијата).

- Бјанконерите примија само еден гол на последните 5 натпревари во Лигата на шампионите. Марко Ројс им даде гол на 24. февруари годинава во Торино.

- Мрежата на Буфон мирува 252' минути во Лигата на шампионите. 

Можни состави:

Монако - Субашиќ, Раги, Фабињо, Абденур, Курзава, Мутињо, Бернардо Силва, Кондогбиа, Дирар, Марсиал, Бербатов.

Отсутни: Ласана Траоре и Тулалан (повредени).

Јувентус - Буфон, Барѕаљи, Бонучи, Киелини, Лихштајнер, Маркизио, Пирло, Видал, Евра, Мората, Тевез.

Отсутни: Касерез и Погба (повредени) 

22 април 2015 - 12:55