Најбрз гол: Навав Ал Абед од Саудиска Арабија за 2 секунди на дуелот Ал Хилал – Ал Шоалах во 2009 година.
Најбрз гол за репрезентација: Давиде Гуалтиери од Сан Марино за 8 секунди на мечот против Англија на 17 ноември 1993 година.
Најдоцна постигнат гол: Семих Шентурк од Турција во 121 минута за 1:1 на четвртфиналниот натпревар против Хрватска на ЕП 2008.
Највозрасниот професионален фудбалер: Англичанецот Стенли Метјус се пензионираше на 55- години и 5 дена по 33 години кариера во Стоук во 1965 година.
Најмладиот професионален фудбалер: Маурицио Балдивиезо дебитираше на 12 години и 363 дена на 19 јули 2009 година.
Фудбалерот со најголем стаж во еден клуб: Турчинот Саит Алтинорду играше за Спор Кулубу 27 сезони од 1926 до 1953 година.
Најмладиот фудбалер на Светско првенство: Норман Вајтсајд на Мундијалот во 1982 година дебитираше за Северна Ирска на 17 години и 41 ден.
Највозрасниот фудбалер на Светско првенство: Колумбиецот Фаруд Мондрагон на Мундијалот во 2014-та во последните 5 минути од дуелот против Јапонија влезе на терен со 43 години и 3 дена.
Фудбалер со најмногу настапи за репрезентација: Египќанецот Ахмед Хасан од 1995 до 2012 година собра 184 настапи.
Фудбалер со најмногу голови за репрезентација: Али Даеи од Иран даде 109 гола на 149 настапи за својата земја.
Голман со најмногу постигнати голови: Бразилецот Рожерио Сени до сега има постигнато 127 голови во кариерата.
Највисок фудбалер: Кинезот Јанг Чангпенг кој игра во напад висок е 211 см.
Најнизок фудбалер: Елтон Хозе Хавиер Гомез роден во 1986 година во Бразил е висок 154 см.
Најдебел фудбалер: Вилијам Фулк од Англија е висок 193 см и тежи 150 кила. Играше во Шефилд Јунајтед, Челси и Брадфорд, а има настап и за Англија. Роден е во 1874 година, а умре во 1916 година од цироза.
Фудбалер кој играл на најмногу континенти: Луц Фаненштил смени 25 клубови во 6 конфедерации на ФИФА.