Што правеше Мурињо додека играа Реал и Атлетико

На еден канал Реал Мадрид – Атлетико Мадрид, на друг Јувентус – Монако. Португалецот не одбрал да го гледа ни едното ни другото четвртфинале од ЛШ туку имал друга работа.

Додека траеа неизвесните реванш битки на кои се решаваа следните два патника за полуфинале во ЛШ, Мурињо не вклучил на тв да го гледа неговиот поранешен клуб за да види дали ќе го помине Атлетико.

Жозе отишол да гледа трет фудбалски натпревар, за кој сигурно никој од нас не ни знаел дека се играл во вчерашниот термин за ЛШ. Тоа е пријателски дуел меѓу Фулам и Порто, но во младинска категорија.

Друштво му правел син му Жозе Јуниор, кој инаку е на обука за тренери во Фулам, а според англиските медиуми неговата цел била да му се доближи на Маркус Бетилени кој брани за Фулам и е репрезентативец на Англија У21.

Бетинели е дел од младинскиот тим на Фулам од 2011 година, а се споменува како наследник на Петр Чех кој на лето го напушта Стемфорд Бриџ.

Средите за Мурињо се слободни по осминафиналето од Лигата на шампионите, откако Челси беше елиминиран од ПСЖ.

23 април 2015 - 12:55