Не ставајте голови на ЈуПорн, нема место

Навивачите на Баерн Минхен беа толку импресионирани од убедливата победа против Порто, што решиле да ставаат хајлајтс од мечот на најголемите порнографски сајтови.

Голеадата на Баерн против Порто стигна и до порнографските сајтови ЈуПорн и Брејзерс. Поддржувачите на Баварците толку пати ги постирале видеата, што ЈуПорн ги замоли преку Твитер профилот да не ставаат веќе видеа.
„Ве молиме престанете да ставате хајлајтс од дуелот Баерн Минхен - Порто на ЈуПорн“, стои на Твитер налогот на порнографскиот сајт.
Во меѓувреме се огласија и од Брејзерс со оригинална порака до навивачите на Порто:
„Еј Порто, ви нудиме гратис членство на сите ваши играчи ако така ви биде полесно“, напишаа од овој порнографски сајт.

22 април 2015 - 15:18