Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Суспендирајте го доживотно Платини

Ова го бара Етичкиот комитет на ФИФА, пренесува францускиот весник l'Equipe.

Најдоброто од Руд во Јунајтед

Иако Варди од Лестер минатиот викенд му го израмни неверојатниот рекорд со 10 голови по ред во Премиер лигата, Холанѓанецот Руд Ван Нистелрој изјави дека му е мило затоа што рекордите се тука за да се рушат. Како самиот Руд решеташе во Манчестер Јунајтед?

Најголемиот број на чекори во НБА лигата

Кога Патрик Јуинг на Ол Старот 1998-ма покрај толку ѕвезди на паркетот не можеше да постигне кош, му дозволија да направи трочекор. Кармел Ентони ги помести границите.

Уметноста во фудбалот

Ич да не ве чуди тоа што Реал прими четири овој викенд на Бернабеу. Гостин им беше екипата која го игра најубавиот фудбал во последниве 10 години. Е како? Е така, фул скрин и звучките малку појако. Нас ни беше малку еднаш, па отидовме на рипит.

Алкалоид со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско

Во првиот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија, само Алкалоид успеа да слави, а другите два меча завршија без победник.

Хитлер за суспензијата на Адеми

Тоа што капитенот на Динамо Загреб нема да игра фудбал поради допинг до 2019-та, не е добра вест за Македонија. Дека средниот дел ни е ранлив, знае и Хитлер кој здиве од нервоза што ќе треба да го моли да се врати Величе.

Телохранителот на Лев, ќе го чува и Гвардиола

По терористичките напади во Париз, Баерн Минхен одлучи да го засили обезбедувањето со човекот кој внимава на репрезентацијата на Германија.

Коинциденција на Стемфорд Бриџ во Лондон

Ѕола, Тери, Вилијан ќе останат запаметени (секој на свој начин) како фудбалери кои допринеле за неколку трофеи на Челси. Но повеќе од тоа ќе ги паметиме по тотално идентичните голови кои ги постигнаа.

Замрзнатиот Рибери и тужбата за СиЕнЕн

Асот на Баерн Минхен уште еднаш побара од американскиот телевизиски гигант да му плати оштета од 1,5 милиони долари, затоа што ставиле негова фотографија на вест за девојка која умрела во криотерапевтска соба.

Почна со 30 фунти неделно, а сега го споредуваат со Батистута

Џејми Варди од коло во коло е се поголем хит во Премиер лигата каде го стигна рекордот на Ван Нистелрој од 10 гола на 10 меча по ред. Во минатото фудбалот му бил само хоби, додека работел во фабрика, а сега е најдобар стрелец во Англија и има 10 гола повеќе од Диего Коста.

Што значи три за три?

Во фудбалскиот речник, терминот три за три означува меѓусебно подарување три бодови. Без разлика на кој за што му треба и на кое место е во моментот, добива и дава три договорени бода против истиот противник.

Пет ѕвезди од другата страна на телевизорот

Русинот Кержаков е последниот фудбалер што стана стручен коментатор за некој спортски канал. Во Европа има пет познати играчи кои редовно коментираат натпревари еднакво добро како што играа фудбал. Кои се тие?

Атлетико и Челси донесоа профит, Фиорентина и Валенсија разочараа

Типстерите губеа кредити и на Ел Класико кое го играа ГГ, а очекуваа победи од Манчестер Сити, Рома и Вардар.

Голот на Лекиќ кој влезе во топ 5

Ракометарките на ЖРК Вардар викендов ја наполнија мрежата на Хипо со 37 погодоци, а најатрактивниот од нив ЕХФ го смести во листата на топ 5 голови на колото.

Давид VS Голијат со неочекуван финиш

MMA како спорт има неколку категории од кои најинтересна е онаа слободната, во која секој може ревијално да боксува со секого и секој може да победи секого.

Од многу дриблање глава боли

Кога ќе ви тргне на мал фудбал со другарите во сала или балон, мислите дека можете буквално се. И се заборавате. Како човеков.

Вардар капитулираше во финишот против Барселона

Македонскиот ракометен шампион и покрај тоа што пружа храбра и борбена игра со која имаше водство на поголемиот дел од мечот, сепак не успеа до крај да се носи со европскиот првак кој славеше во Јане Сандански со 25:27. Судиите ни наштетија со неколку чудни одлуки.

Спектакуларна најава за Вардар - Барселона

Пет минутно уживање пред големото ракометно дерби меѓу Вардар и Барселона. Знамето е распослано на цел паркет, Комитите грмат, блицевите светат. Се чека уште победа на Вардар.

Бели марамчиња за Бенитез

Непишано правило во шпанскиот фудбал е: Кога навивачите ќе замафтаат со бели марамчиња, тренерот нема веќе што да бара во тој клуб. Тоа е традиционално барање оставка од тренерот, овојпат од Бенитез по дебаклот од Барселона (0-4) на Ел Класико.

На стадионите прегледувани и сендвичите

Фудбалска и воопшто спортска Европа не остана имуна на безбедносните закани по крвавите терористички напади во близина на стадионот Стад де Франс во предградието на Париз.

Тикетот на Мирјана

Првиот тикет кој ни го прати Мирјана не беше добитен, но еве поправен со четири нејзини предлози за денеска.

Рутинска победа на Вардарки против некогашниот гигант Хипо

Ракометарките на Вардар ја оправдаа фаворитската улога против Хипо 37:25 (15:14), и се пласираа во главната фаза на ЛШ, каде за противник ќе ги имаат Будуќност, Букурешт и шведскиот Савехоф.

Марсејеза се ореше во Премиер лигата

Со одлука на англиската ФА, сите натпревари во Англија ова коло почнаа со француската химна и едноминутно молчење за жртвите од масакрот во Париз.