Offside

По пет дена во болница, Винсент Компани е пуштен дома. Но, тој и натаму нема да го води својот клуб и ќе отсуствува уште неколку недели.

Како Хрватска може да биде елиминирана во група

Голот на Чесите во 94-та минута со кој им извадија 2:2 до толку им го изремети мирот на Хрватите, што почнаа да прават можни сценарија за испаѓање, а нема потреба, тоа речиси е невозможно да се случи.

Велс страшен, Русија пакува куфери, Англија оди понатаму

Рој Хоџсон ги измеша картите, Руни остана на клупата и Словачка и Англија ремизираа 0:0. Велшаните со 3:0 ја згромија Русија и како први од групата одат во следната фаза.

Ако Хрватите го памтат гестот на Комитите, во Скопје ќе биде мирно

Освен по ривалството во бивша Југославија, дуелот меѓу Динамо Загреб и Вардар не наведува да го гледаме и низ призма на инцидентите на ЕП 2016 каде учесници беа неколку хрватски хулигани меѓу кои се верува дека има и поддржувачи на Динамо, а противници на Мамиќ.

И Белгијците по теркот на Ирците

Додека Ирска го држи приматот на најдобри навивачи на Европското првенство каде на секој ќош прават забава, освен од Швеѓаните добија конкуренција и од Белгијците кои на девојчево, инаку навивачка на Ирска, со еден мал гест и направија да биде посреќна. Видеото е од железничката станица во Бордо.

Нова општа тепачка на ЕП, сега Словаци со Англичани

По Марсеј, хулиганскиот фронт се префрли во Лион каде вчера и денес се судриле Словаци, Англичани и поединци навивачи на Лион иако францускиот клуб соопшти дека нивни навивачи не биле инволвирани во нередите.

40 години од ударот Паненка

Во финалето на Европското првенство на денешен ден 1976 во Белград играле Чехословачка и Западна Германија. После продолженијата резултатот бил 2:2 и се изведувале пенали. Првите седум пенали биле реализирани, а Ули Хенес шутирал над голот. Редот му дошол на Антонин Паненка кој под огромен притисок го извел најубавиот шут во фудбалот и им ја донел титулата на Чехословаците.

Работнички доби тежок противник, Шкендија против Полјаци

Романтичарите налетаа на најнезгодниот можен противник во оваа фаза, Тетовци против полска Краковија која има бројни навивачи, а Кратовци ќе одат на екскурзија во Лихтенштајн.

Необична награда за првата победа на Албанците

Селекцијата на Албанија на своето прво Европско првенство во историјата ја оствари првата победа, а тоа ќе им донесе една неочекувана награда од премиерот која не е парична.

Вардар против Динамо Загреб во квалификациите за ЛШ

Македонскиот шампион ќе ја започне европската авантура од 2. коло против еден од најтешките противници, хрватскиот првак Динамо Загреб. Скопјани четврти пат во последните пет години ќе се обидат да стигнат до целта.

Како Левандовски ги надиграл Германците во Втората Светска Војна

Концентрациониот логор ''Gross Rosen'', кои Германците го изградиле за време на II Светска Војна е место каде страдал голем дел од полскиот народ. Затворениците од полско потекло таму првпат ги победиле Германците 1:0 со голот на чуварот на логорот, Здислав Левандовски.

Кливленд е во транс, навивачите се качија на пожарна

Кошаркарите на Кливленд ја прекинаа најдолгата серија на еден град од САД и Канада кој бил без трофеј во четирите главни спортови на континетот (НФЛ, НБА, НХЛ и МЛБ) од 1964-та. Сега тоа е Милвоки кој последен пат се радувал на титула во НБА (1971). Навивачите со право го превртија градот наопаку. Пред мајсторката се качија на една катна гаража, а потоа по коли и пожарникарно возило.

Родман му честита на Кливленд и го величи Чикаго Булс

Кошаркарите, актуелни и бивши, како и други познати Американци се фрлија на честитики упатени до Кливленд кој ја освои првата НБА титула во својата историја. Меџик Џонсон го вбројува Леброн Џејмс во топ 5 најдобри играчи на сите времиња

Нов спортски аутлет концепт во Македонија

SportVisionOutletStore е првиот и единствен аутлет концепт од ваков вид во Македонија, кој овозможува поголема достапност на спортска опрема од популарниот светски бренд Nike по многу поволни цени.

Кливленд се врати од 1:3 на 4:3 и за прв пат стана НБА шампион

Кливленд Кавалирс е првиот тим во најсилната кошаркарска лига во светот кој успеал од негатива од 1:3, да направи целосен пресврт и да ја освои шампионската титула, инаку прва во својата историја. Трипл дабл за „Кралот“ кој ја слави третата титула во кариерата.

Што сè треба да се случи за Албанија да оди понатаму?

По историскиот прв пласман на едно Европско првенство, албанските репрезентативци ја остварија и првата победа, против Романија 1:0. Шансите да одат во следната рунда како најдобра трета селекција се теоретски, но сепак постојат. Еве што треба да им се оствари иако е малку остварливо.

Франција и Швајцарија одат понатаму, прв гол за Албанија на ЕП

Во последното коло од групата А, Албанија го оствари првиот историски триумф на едно големо натпреварување. Франција и Швајцарија мирољубиво 0:0 за пласман во следната фаза.

Розберг незадржлив, Хамилтон без подиум

Германскиот пилот Нико Розберг е победник на осмата сезонска трка која се возеше во Азербејџан. Шампионот Хамилтон без подиум.

Роналдо трагичар, Португалија се изнашутира и не победи

Португалија - Австрија 23:3 во вкупен број на шутеви, но конечниот резултат на средбата е 0:0, втор на ова Европско. Кристијано Роналдо промаши пенал во 79 минута и со тоа неговата селекција останува со два бода по два меча.

Еве сум, јас гаѓам со бакљи

Хулиганите кои го планирале инцидентот на мечот Хрватска - Чешка прво ги видовме маскирани во шума, а сега еве и еден момак од близу на стадион кој е дел од бандата, се пофали да го видиме.

Исланд си постигна автогол во 88-ма и испушти осминафинале

Со голот на Сигурдсон во 40 минута од пенал, селекцијата на Исланд имаше минимално водство кое ќе им обезбедеше историски пласман во нокаут фазата, но Биркир Севарсон во обид да расчисти една топка ја пикна во гол. Вака Унгарците се блиску до осминафинале.

Казни од 860.000 евра за Хрватите

УЕФА во понеделник ќе се произнесе околу казните кои ќе ги добие хрватскиот фудбалски сојуз за инцидетите на мечот Хрватска - Чешка. Со таа парична казна се очекува да заокружат износ во висина од милион евра кои ги исплатиле поради бељите на нивните навивачи.

Кога ќе научиме ние вака да додаваме

Што сè му претходеше на третиот гол на Шпанија против Турција. Најсвеж пример на тики така играта. Оди па земи им ја.