ОЛИМПИЈА ЉУБЉАНА - ТРЕНЧИН
КАРАБАХ - ДУДЕЛАНЖ
ХАПОЕЛ БЕР ШЕВА - ШЕРИФ ТИРАСПОЛ
ВАРДАР - ДИНАМО ЗАГРЕБ.
Црвено-црните ќе бидат домаќини на првиот меч, во Скопје, а реваншот ќе се игра на Максимир во Загреб. Првите натпревари се играат на 12. или 13. јули, а реваншите се недела дена подоцна.
Хрватскиот претставник важеше за најтешкиот противник во првата подгрупа, со оглед на тоа што „Модрите“ веќе повеќе од една деценија доминираат во хрватскиот фудбал и се редовен учесник на групните фази од Лигата на шампионите и Лига Европа.
Вардар и Динамо Загреб имаа закажано пријателска средба на 25. јуни, но после исходот на ждрепката, истата е одложена.
Мамиќ задоволен
Тренерот на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ (брат на Здравко) веднаш после ждрепката во Нион изјави: „Освоија титула во својата држава, така што сигурно се квалитетна екипа и незгоден противник за кого ќе мора добро да се спремиме. Погледнете го само Европското првенство на кое од натпревар во натпревар гледаме како условно кажано „малите" се се поблиску до „големите", така што денес веќе нема лесни натпревари.
Секако, ние сме фаворити, подобар тим и веруваме во пласман понатаму. Знаеме кои се нашите цели, во оваа фаза на натпреварување нема место за поправен и целта е што подобро да се спремиме за дуелите. Сигурно дека нема да бидеме на врвот со формата, но тоа секако не е цел на почетокот на јуни. Ќе мора да бидеме многу добри за да ги оствариме нашите желби и да одиме понатаму", изјави Зоран Мамиќ.
Екипата која ќе биде подобра во второто претколо ќе избори место во третото претколо, односно претпоследниот круг од квалификациите за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите.