Кошаркарите на Кливленд ја прекинаа најдолгата серија на еден град од САД и Канада кој бил без трофеј во четирите главни спортови на континетот (НФЛ, НБА, НХЛ и МЛБ) од 1964-та. Сега тоа е Милвоки кој последен пат се радувал на титула во НБА (1971). Навивачите со право го превртија градот наопаку. Пред мајсторката се качија на една катна гаража, а потоа по коли и пожарникарно возило.