Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Тикетот на махерот со 25 натпревари

Овој викенд нема коло во најсилните европски лиги и решивме да ја поштедиме Мирјана. Тикетот на колото ни го состави Сашо, рекордерот во Офсајд со 25 од 25. Тој за денеска има 17 предлози. 

Судија, зошто?

На денешниот меч од квалификациите за Африканскиот Куп на нации меѓу Нигерија и Египет кој заврши 1:1, судијата свиреше крај во моментот кога Мохамед Салах излезе сам пред домашниот голман. Египќаните протестираа, но судиската е конечна нели? И да, капацитетот на стадионот е 25.000 а средбата ја гледале 40.000 луѓе.

Олимпико е празен, а Интер и Наполи одат во плус

Осум екипи од Серија А сезонава имаат повеќе публика од лани, а девет екипи имаат помалку. Но како и да ја вртиме, италијанската публика сè послабо оди на стадион. Навивачите на Лацио бојкотираат.

Пушкаш награда треба да има и за деца

Кога ќе се направи една компилација со деца кои би ги виделе што знаат со топка на 7 години и на крајот се стесни изборот на топ 5 или топ 3 голови сигурно дека некој ваков креативен ум кој оди во прво одделение на крај ќе заслужи да добие награда.

Стадионите во Лондон од птичјо око

Арсенал, Челси, Тотенхем, Вест Хем, Фулам, Чарлтон и Милвол се клубовите кои може да ги гледате доколку се најдете во главниот град на Англија. Ова се сите стадиони во Лондон со убави 17 кадри.

Бекот на Фулам што одеше со велосипед на натпреварите

Мориц Фолц е еден од првите таленти забележани од Арсен Венгер. Како Германец во Лондон не им го разбирал брзото зборување, па дури и на прашањата кој број сакаш да го носиш одговарал со јес јес. И покрај тоа стана еден од најомилените странци кои играле таму.

Што ве вртам јас ќе го шутирам пеналот

Додека ти се мислиш на која страна да му шутираш пројде возот,  а царот кој беше прецизен од белата точка имаше и верна придружба за на прославата да не биде сам.

Не е само Шарапова, 27 Руси користеле мелдониум

Вкупниот број на спортисти во светот кои ја користеле забранетата супстанца стигна до 127, а претпоставките се дека има повеќе.

Како Пипен загубил 1,4 милиони долари

Соработниците на Скоти Пипен силно го уверувале да го ангажира познатиот финансиски советник Роберт Лун. Епилог на приказната: Пипен е пократок за 1,4 милиони долари, а Лун три години во затвор.

Тренерот кој различно се поздравува со сите

Помошниот тренер на кошаркарската екипа на Витман колеџот, Стивен Гарнет е популарен во градот Вала Вали во Вашингтон по тоа што пред секој меч различно се поздравува со своите играчи.

Писмото на омилениот противник на Јохан

Шведскиот бек Јан Олсон играл на високо ниво цели 18 години, но јавноста го запамети по потегот кој му го направи брилијантниот Јохан Кројф на Светското првенство 1974. година.

Гранит во вистински ритам до победа над Шпаркасе банка

Во последниот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија до победи стигнаа УНИКА, Пекабеско и Гранит.

Афирмативно глупав голман

Глен Вербаухд кој брани за Марицбург Јунајтед, клуб од Јужна Африка е дефиниција за луд голман кој не знае каква глупост попрво да направи. И не му е првпат што е најстрашно.

Акција на годината

Диџеј Стефенс од Ајова Енерџи тимот кој се натпреварува во НБА развојната лига, ја круниса акцијата на годината во оваа дивизија. Постигна 26 поени и беше најзаслужен за триумфот над Форт Вејнд од 108:105.

14-те правила на Јохан Кројф

Хуманитарната фондација на легендарниот Холанѓанец кој почина денеска од рак, на сите фудбалски игралишта кои ги изгради го има означено патот по кој треба да се движат идните генерации.

Реакцијата на стадионите кога се дозна за ракот на Кројф

Кога легендарниот Јохан Кројф лани објави дека е болен од рак на бели дробови, сите стадиони во Холандија во 14 минута реагираа исто во чест на човекот со број 14-та која го носеше на дресовите на Ајакс, Феенорд и холандската репрезентација.

6 години затвор за Адам Џонсон

Некогаш најголемата надеж на англискиот фудбал и 12 пати репрезентативец на Англија, Адам Џонсон (28) денес ја слушнал пресудата за педофилија и следните шест години ќе ги мине во затвор.

Ваков капитен ни треба

Македонија последен пат победи на гости против Азербејџан со голот на Пандев, а тоа се случи на пријателска средба која се одигра на 10 август 2011-та. Ако на тоа се додаде скорот од 16 порази и 6 ремија на последните 22 гостувања и гол разликата од 37 примени и 6 дадени гола, тогаш дефинитивно пред секое излегување на терен треба вака да се мотивира тимот. Па и на Филип Втори исто.

Како Интер го испочитува младинецот кој се повлече поради срцето

Феличе Наталино не е среќен бидејќи на 24 години не може да игра фудбал, но пресреќен е што секоја година слави роденден и што се врати во клубот кој му го продолжи животот.

Почина Јохан Кројф

По тешката борба со ракот денеска на 68 годишна возраст почина легендарниот холандски фудбалер и тренер Јохан Кројф.

Црна овца во друштвото, а сепак цар

Редовните прес конференции знаат да бидат страшно еднолични, монотони и досадни, но ако на нив гостува човек како португалскиот тренер Витор Переира (тогаш во Ал-Ахли, денес во Фенербхаче) сè може да се слушне. Револтиран од судењето распали на прес и за малку физички не се пресмета со човекот што ја водеше конференцијата.

Раул Гонзалес: Спремни сме, ако треба Стоилов ќе игра и лев бек

Вардар во сабота од 18:00 часот го игра реваншот против полската Висла Плоцк, екипа која се извлече на првиот дуел по водството на Скопјани од четири голови разлика на четири минути пред крајот и ремизираше 30:30.