Французинот кој не ја пееше француската химна

Во шампионската генерација на Франција која го освои СП 1998 и ЕП 2000 имаше еден малку подзаборавен лик од среден ред, кој играше во Сервет, а се прослави во Реал Мадрид. Вака не беше некој лепотан, ама успеа да ја фати жената со најдолгите нозе на планетава. 

Правиме муабет за Кристијан Карембе, роден во Нова Каледонија кој беше дел од селекцијата на Франција во периодот од 1992-ра до 2002 година. Кариерата ја почна во Нант каде играше пет сезони и каде ја освои титулата во Лига 1 заедно со уште еден потоа познат играч, Кларенс Сидорф или Зедорф (постои дебата за презимето нели).

Во 95-та се пресели во Италија и потпиша за Сампдорија во тимот предводен од Свен Горан Ериксон, а стана славен откако ја направи својата трета дестинација во кариерата, а тоа е Шпанија. Карембе со Реал Мадрид стигна до две титули во ЛШ (1998 и 2000), како и Интерконтинентален Куп.

Неговите спомени со Франција се славни, но и контроверзни. Кога Кристијан ги освои Европа и светот со кралскиот клуб, следуваа двете неповторливи лета за кои сонува секој фудбалер, а тоа е освојување на Светско и Европско првенство едно по друго.

Она по што го паметат гордите Французи е интонирањето на химната која не важеше за него. Причините се историски и расистички. Карембе не го заборава периодот на колонијализација и моментот кога на една изложба во Париз во 1931 година неговите сограѓани од Нова Каледонија биле претставени како мајмуни.

До својата 30-та година Карембе ги освои најважните трофеи за еден играч и потоа направи неколку авантури во кариерата. Играше за Мидлсброу, Олимпијакос, Сервет од Швајцарија и Бастија каде ја заврши кариерата во 2006-та. Освои уште две титули, а тоа се оние со Олимпијакос во грчкото првенство.

По заслужената играчка пензија, поранешниот француски фудбалер не се фрли исклучиво на уживање и шетање, туку стана активен на многу полиња и на крај реши да му се врати на фудбалот на друг начин.

Прво се проба како телевизиски коментатор и водител на шоуто „Остров на шампионите“ и документарецот за териториите на Каледонија кој се пренесуваше на Раи. Потоа почна да работи и како скаут, најпрво за Портсмут, а потоа и за Арсенал.

Од пред три години Карембе е активно во фудбалот и работи во Олимпијакос како советник за развој на меѓународни врски. Членува и во клубот „Шампиони за мир“ каде член е и Ѓоковиќ. Тоа е група на 54 познати спортисти кои преку хуманитарни натпревари апелира за мир во светот.

Кристијан Карембе по 15 години брак се разведе со славниот модел од Словачка, Андриана Карембе која беше дел од Викторија Сикрет.

16 јуни 2016 - 14:07