Кливленд се врати од 1:3 на 4:3 и за прв пат стана НБА шампион

Кливленд Кавалирс е првиот тим во најсилната кошаркарска лига во светот кој успеал од негатива од 1:3, да направи целосен пресврт и да ја освои шампионската титула, инаку прва во својата историја. Трипл дабл за „Кралот“ кој ја слави третата титула во кариерата.

Мајсторката меѓу Голден Стејт и Кливленд Кавалирс донесе огромна возбуда и многу неизвесна кошарка во Оракл арената пред се поради резултатскиот егал во поголемиот дел од натпреварот.
Пеколниот финиш почна на три минути до крајот при резултат 89:89.

Откако и двете екипи не реализираа по неколку напади, Кајри Ирвинг погоди многу важна тројка, а Леброн Џејмс шутираше слободни фрлањa од кои реализираше едно.

Во последниот напад Стефон Кари се обиде со шут за три поени да ја врати неизвесноста, но промаши и тоа значеше урнебесно славје за Кливленд кој од 1964 година немаше никаков шампионски трофеј во ниту еден спорт.

По двете титули со Мајами Хит, Леброн стигна до трет прстен кој го освои со извонредна партија од 27 поени, 11 скокови и 11 асистенции, а од спротивната страна во тимот кој го заврши регуларниот дел од сезоната со 73 победи и 9 поради, феноменален беше Дрејмон Грин со 32 поени, 15 скокови и 9 асистенции.

МВП признанието отиде во рацете на „Кралот" Џејмс кој ја заврши финалната серија со просек од 29,7 поени, 11,3 скокови и 8,9 асистенции.

Хајлајтс

Топ 5 потези во седмиот натпревар

Последниот напад на мечот, славјето, изјави и презентацијата на трофејот

Кевил Лав во соблекувална