Offside

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

Зошто Игуаин се одлучи за Јувентус

Старата Дама денес и официјално го претставува најголемото засилување во последните неколку сезони. Аргентинецот Игуаин имал на маса понуди од Арсенал, ПСЖ и Кина, но решил да премине во омразениот клуб на Наполитанците. Зошто?

Забивање на денот

Има 12 години, висок е 165 см, но му текна како можело.

ЃАК го најавува отворањето на својот outlet центар

Компанијата е формирана со идеја да внесе здрав дух во сите сегменти на живеењето и да ги приближи најпопуларните спортски брендови до сите свои потрошувачи.

Трансферот на летото го има Спортинг

Да одмориме мозок малку од цифри, 90 милиони, 120 милиони, Игуаин, Погба и слично. Одиме со една куса и човечна приказна која за жал малку клубови во светот ја прават, а едноставна е и целта е една и единствена. Усреќи го детето.

Нераскажаната бајка за португалска Тондела

Во сенка на историските успеси на Лестер, Исланд, Велс и Ростов, остана подвигот на клубот од малото португалско градче со 12.000 жители. Тим кој од осмата лига стигнува до првата и се изборува за опстанок во елитата.

Аргентински начин на славење титула

Во принцип децава се стварно глупаци. Нивниот тим по име Бахиа Бјанка слави титула во една од помалите аргентински лиги и наместо да се поливаат со шампањ, домашните навивачите ги тепаат гостинските фудбалери.

Последната епизода на Стречерси

Во 10-та и последна епизода од првата нивна сезона, Бошко, Мите и Елдан прават осврт на историската сезона и историскиот плејоф, потоа зборуваат за заминувањето на Кевин Дурант од Оклахома, за тивкото пензионирање на Тим Данкан и за сите останати размени и потпишувања на слободни агенти. Им благодариме на дечките кои го направија првото македонско НБА шоу. Се гледаме на есен.

Најмногу го сакаме Бурнемут, а најмалку Челси

Англичаните објавија листа на најомразени клубови во своите редови. Истражувањето покажува дека навивачите најмногу ги мразат најјаките екипи на островот.

Првиот фудбалски пренос од Градски по земјотресот во Скопје

На 53 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ќе ве потсетиме на еден од незаборавните и најтешките преноси кој го вршел доајенот на радио репортерството, Ивко Панговски.

Валентина Шевченко - силната девојка од УФЦ светот

Повеќекратната шампионка во тајландски бокс реши да се проба во УФЦ каде пред неколку дена ја патосираше некогашната шампионка Холи Холм. Валентина Шевченко има три државјанства, живее во Перу и боксува насекаде низ светот.

Најдобрите 10 слободни играчи

Ако некој клуб летово е тенок со пари, нека ја ѕирне топ листава која нуди квалитетни и искусни фудбалски имиња. Цената им е 0 евра.

Степанова ќе си свирка од дома

Не знаеме дали Русите имаат изрека "Покрај сувото гори и сировото", ама на Јулија Степанова таа би и била јасна од прва.

Запознајте го Супермен, човекот кој му има ставено на Меси шал од Милан

Во 2017 година тврди дека ќе влезе во Гинис со рекорден број на влетувања на терен за време на фудбалски натпревар. ФИФА го обвини нека бил најлош пример на Мундијалот во 2014-та, бразилските власти го избркаа, а неговата порака е: Да има мир во светот.

Лацио и Лотито - Бесмисленоста на едно постоење

Кога во еден момент суетен, фрустриран и арогантен човек ќе се здобие со прилика да води голем колектив, резултатот е: празни трибини, пустелија од стадион, многу непријатели и реалното прашање мораше ли вака?

Како Лејкерс го украле Шекил од Орландо

И покрај тоа што важеше за моќна и богата франшиза, Орландо не направи ништо по прашањето да го задржи Шекил во своите редови. Ја докажуваа својата надмоќ со тоа што ја критикуваа неговата игра и на крајот Шек реши да потпише со Лејкерс каде направи империја.

Сè е исто со Арсенал и по 80 години

Топџиите често знаат да блеснат на почеток, да држат прво место во Премиер лигата на средина од првенството и на крај да паднат. Така било и на оваа табела од сезоната 1936/1937 кога од прво на крај паднале на трето место.

Невозможните панини сликички од 90-те

Извесен Аџело Трофа, кој се опишува како илустратор и носталгиџар по италијанско првенство од 90-та, вака ги замисли денешните фудбалски ѕвезди во постари дресови.

Како Јапонците му честитаа роденден на Хулк

Дека бразилскиот напаѓач располага со топовски удар уште од поодамна, покажува ова видео каде е со сосема друг имиџ, кој не го паметиме од времето кога играше во Јапонија меѓу 2005-та до 2008-ма. Хулк денеска полни 30, а Јапонците направија кусо видео со две голчишта од него.

Колку несреќна имитација на Барселона

Пеналот кој го вратија во мода Меси и Суарез, се обидоа да го изведат во Перу. Добро тргнаа дечките, само фалеше некој да ја помести стативата едно 2 сантиметри. 

Вреди 120 милиони евра, но не заборава од каде потекнува

Растен во париски кварт заедно со двајцата постари браќа, Погба уште од мал се исчеличил и сакал само едно: да стане познат фудбалер. Целиот фудбалски пат го оди под рака со мајка му која што раскажала како му се развикала на Фергусон.

Лалињата останаа без генералот

Тажна вест за холандскиот фудбал и спорт воопшто. Почина навивачот кој нема пропуштено натпревар на фудбалската репрезентација на Холандија од 1988 година.

Му бил капитен и цимер на Лука Модриќ, а сега е келнер

Силвио Чавриќ, некогашниот најголем талент од генерацијата на Лука Модриќ, поради повреда морал да ја прекине кариерата и да почне да се занимава со угостителство. Со Мамиќ има доживотен договор да му дава петина од платата што и да работи.

Приказната која вреди повеќе од 90 милиони евра

Наполитанците имаат посебна страст за фудбал, можеби најголема во Италија и кога ќе ги погодиш таму каде најмногу ги боли, полудуваат. Тоа го направи нивниот најголем идол после Марадона од кој повеќе нема да се најде дрес во Неапол, ниту во трафика.