Приказната која вреди повеќе од 90 милиони евра

Наполитанците имаат посебна страст за фудбал, можеби најголема во Италија и кога ќе ги погодиш таму каде најмногу ги боли, полудуваат. Тоа го направи нивниот најголем идол после Марадона од кој повеќе нема да се најде дрес во Неапол, ниту во трафика.

На 27 јули 2013 година беше пречекан на аеродром во огромна еуфорија. Пристигна дотеран со фармерки и кошула и од тој момент Наполи го засака повеќе од сè на светот. Срцето му чукаше и имаше зошто. Бакнежи, прегратки, незаборавни ноќи и бескрајни солзи.

Фантастична приказна која нема цена и која е повредна од 90 милиони евра. Илјада денови за тебе и за мене. Гонзало Игуаин: тригодишна бајка, каков шампион. Тогаш, а потоа? Кажа адиос и не го видоа повеќе. Кошмар, скршено срце за навивачите. Таа појава на аеродромот пред три лета изгледаше како најава за новиот принц во Неапол.

Наместо тоа, сега неаполските солзи се полни со тага и огромен гнев. Предавство? Тоа е зборот. Замина во Јувентус, историскиот ривал, спортскиот непријател, а тоа е тешка траума која Наполитанците нема да ја преболат. На сила стапи клаузулата, бизнисот е бизнис, но и фудбалот исто така.  Гонзало Игуаин, жива легенда, син на Ривер Плејт, испиша неверојатна историја од три години која заврши неславно и болно за навивачите кои го искинаа неговиот дрес, пишува Кориере дело спорт, обидувајќи се да ја долови љубовта на Наполитанците кон Игуаин која пукна.

Во неговиот избор да замине во Јувентус доби поддршка и татко му и брат му, кој му и менаџер и кој ги водеше преговорите. Тие двајца беа најгласни кога требаше да се критикува Јувентус.

„Рицоли? Силен тим како Јувентус нема потреба од таква помош. Израмнувањето на Макси Лопез беше евидентно, линискиот судија беше на совршена позиција и на 2:2 со играч помалку не знам како ќе завршеше мечот. Ако се работи за да се освои Скудето, очигледно е дека за некои работи велиш „мама миа“. И судиите се луѓе, но кога ќе погрешат за голем тим потоа станува потешко, вели во една изјава Николас, братот на Гонзало.

Татко му ја коментираше суспензијата од четири кола на син му на крајот од минатата сезона.

„Наполи не е тим како Јувентус на кој му помагаат. Тоа играчот го знае и го чувствува. На мечот на кој беше исклучен, беа досудени два непостоечки пенали против Наполитанците, нешто што на Јувентус не би му се случило“, вели Хорхе Игуаин.

Инаку Игуаин пристигна од Реал Мадрид за сума од 37 милиони евра и на 146 меча за Наполи постигна вкупно 91 гол на сите натпреварувања. Минатата година беше историска и за него и за Серија А.

Со 36 гола на 35 меча, стана најдобар стрелец во една сезона во историјата на италијанското првенство. Претходно тој рекорд го држеше легендарниот Гунар Нордал во сезоната 1949/1950, најдобриот стрелец во историјата на Милан и трет најдобар стрелец во Серија А по Пиола и Тоти.

Беше стрелец на шест кола по ред, рекорд што претходно го оствари Марадона. Го сруши и рекордот на Кавани кој со 29 гола беше најпрецизен играч за една сезона во историјата на Наполи. Игуаин со Наполи освои Куп у Супер Куп на Италија.

Ова е само една од фотографиите кои кружеа на интернет по веста дека оди во Јуве.

ЈА САКА ПИЦАТА НА МАЈКА МУ, ФАН Е НА ФЕДЕРЕР И ВЕЛАТ ДЕКА Е СКРЖАВ

НЕАПОЛ ПОЛУДЕ ПО ГОЛОТ НА ИГУАИН

25 јули 2016 - 12:28