Offside

Денвер Нагетс долго време се мачеше против Њу Орлеанс но на крајот успеа да победи во продолженија иако во еден момент губеше -23 поени разлика. Никола Јокиќ имаше трипл-дабл учинок и беше најдобар на теренот. Постигна 35 поени со 15 скока и 10 асистенции со што стигна до бројката од 222. трипл-дабл учиноци во кариерата и го надмина Расел Вестбрук.

Римското дерби поцртано со црвен датум во календарот

Вечерва на Олимпико ќе се игра еден од најголемите дерби дуели во светот. Во полуфиналето на Копа Италија ќе играат Лацио и Рома, ривалите кои во последните 20 години шест пати се судрија во ова натпреварување.

Исповед на навивач на ПАОК кој е редовен учесник во тепачки

Анонимниот навивач го бодри ПАОК, а жената со која го дели креветот навива за Олимпијакос. Учеството во тепачка вели дека знае да делува релаксирачки, ама ако се одвива на право место. Најголемата глупост која ја направил е кога скршил шише од главата на еден навивач, од кој потоа добил извинување.

Капче за Пеце, USB за Весна, пиво за Трајче

Заврши февруарската битка на Типстер која беше многу тесна се до последниот ден. Меѓу добитниците повторно има Радовишанец.

Браво мали

Потегот на колото во колеџ кошаркаската лига се случи на мечот меѓу Фресно Стејт и Боисе Стејт. Немаше забивање, немаше цепелин, ниту тројка од пола терен.

Голот за кој тешко е да се даде опис

Фудбалерите на Њукасл синоќа го постигнаа можеби еден од најчудните и најсреќните голови во историјата на Англија. Никој од тројцата кои учествуваа во акцијата не знаеа што прават, а изразот на лицето на стрелецот Мохамед Диаме кажува сè.

Словенечкото чудо од дете за кое се интересира цела НБА

Неверојатниот Лука Дончиќ во вторникот стана полнолетен а веќе има неколку титули со Реал Мадрид на чија врата чукаат НБА франшизите.

Тимот на Палермо кој ќе беше конкурентен за Скудето

Маурицио Ѕампарини и официјално се повлекува од Палермо, а од неговиот 15 годишен престој освен тренерските смени како чорапи, ќе се паметат и сите оние квалитетни фудбалски имиња кои ги имаше на располагање. Кој знае колку ќе беше силен тимот од Сицилија ако ги сочуваше овие играчишта.

Капитенот на Ајнтрахт излечи рак и се врати на терен

Еден од подобрите играчи во германската Бундеслига Марко Рус е јунак на сезоната.

Јунајтед им покрива визи на 500 навивачи за пат во Русија

Иако Мурињо сакаше да им се падне АПОЕЛ, па да играат во топлата и сончева Никозија, на крај им го извлекоа студениот Ростов во Русија.

Тенисерка ја фати заразно смеење, па не можеше да сервира

На дуелот од женскиот Куп на Федерации меѓу Израел и Естонија, Израелката Јулија Глушко не можеше да престане да се смее поради промашениот зицер смеч на противничката.

Ретко убав гол со волеј удар

Сикиру Олатунбосун е тешко име за помнење, ама уште потешко е човек сам на ваков мајсторски начин да си намести волеј удар. Се случи во Нигерија.

Нијанси одлучуваа во дуелот помеѓу ЈСП и Окта

Адмирал и Пекабеско славеа убедливи победи во вториот ден од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија. ЈСП до тесна победа против Окта.

Животот на еден судија во НБА лигата

Да си судија во најелитната кошаркарска лига во светот не е лошо. Минимален хонорар по натпревар е 1.800 долари во регуларниот дел од сезоната, а максималниот се исплаќа во финале и изнесува скоро 25.000 долари. Ама освен да те бива за тоа, требаш да имаш и жена која нема да ти мрчи за да се прибереш дома.

Лудиот тренер кој не користи телефон и води спартански тренинзи

Не пробувајте да го барате. Не користи мобилен телефон. Но од време на време претседатели на разни клубови имаат потреба од луд тренер. Од следната сезона Биелса ќе го води францускиот Лил. Барем таков е договорот.

Најхрабриот навивач кој се прошета низ улиците во Неапол

Да облечеш дрес на Јувентус, па уште и од Игуаин и тоа во пресрет на вечерашното полуфинале во Купот на Италија меѓу Јувентус и Наполи треба да имаш муда. Среќа што момаков е снимен со скриена камера за да видиме како ќе пројде ова негово искуство. Цел град му се чуди на храброста, пола го застанува да го праша што го мачи, а угостителите не го пуштаат на влезе.

Четири натпревари на Лестер кои Раниери ги утна тактички

Отказот на Клаудио Раниери сè уште е жешка тема во англискиот печат. Навивачите застанаа во негова одбрана и ги нападнаа играчите, а некои медиуми се позанимаваа со неговите тактички потези и издвоија четири меча кои сметаат дека придонеле за негово отпуштање.

Шевата на Атлетико Мадрид на тренинг

Ако влезеш во средина, сигурно ќе ти треба драмамин апче против вртоглавица. А за да излезеш ќе треба прописно да се испотиш.

Во какви дресови играа италијанските клубови во ’90-те

Како што поминуваат годините, вредноста на ретро дресовите од италијанските тимови е сè поголема како и носталгијата за ’90-те години кои ја прославија Серија А.

Екипите на Рамстор и ЕЛЕМ ги поделија бодовите

Фабрика Карпош стигна до победа во првиот ден од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија, а другиот дуел меѓу Рамстор и ЕЛЕМ заврши без победник.

Антологиски прием на Баџо на Деле Алпи

1 април 2001-ва, Јувентус води 1:0 против Бреша. На 5 минути до крај гостите израмнуваат откако еден 22 годишен дечко по име Андреа Пирло му дава топка со очи на 34 годишниот Баџо кој ја заврши акцијата на најелегантниот можен начин. Акција за во учебниците.

Голманот на кој му се поклонуваа од пенал Ѕола, Монтела и Батистута

Го носеше прекарот Il Conte (Грофот) поради професионалноста и однесувањето како господин во текот на целата негова кариера која му заврши без ниту црна дамка. Стана дел од шампионската генерација на Лацио и ноќна мора за врвните напаѓачи кои тешко го совладуваа од белата точка.

Трофејната сала на Златан Ибрахимовиќ

Ибра со два убави гола му го донесе на Јунајтед првиот трофеј сезонава а себе си го подари 32. трофеј во кариерата. Англија е шеста земја во неговата кариера, а во пет освојувал титули.

Четири интервјуа на Златан по финалето во негов стил

Ако некој е интересен да се брка за изјава после меч на Манчестер Јунајтед, тоа сигурно е Златан кој ретко дава здодевни одговори на новинарските прашања. Со вчерашните два гола во финалето од Лига Купот, Ибра стигна до 26 голови сезонава, а по мечот даде миниум четири забавни интервјуа.

Фудбалерот кој ги изведуваше најопасните аути на свет

Тренерите и играчите пробуваа сè за да го спречат. Се загреваа пред него, му местеа рекламни паноа за да не може да фати голем залет, навивачите му мавтаа, а Венгер бараше да се забрани неговото изведување аут.