РОМА - ЛАЦИО 0:1, ФИНАЛЕ НА КОПА ИТАЛИЈА - 26 мај 2013
Дали се игра во првенство или во Куп, римското дерби секогаш е посебен натпревар со црвено слово во календарот. Главниот град низ годините гледаше прекрасни кореографии, а едни од поубавите беа оние во финалето на Купот 2013-та кое го доби Лацио.
Двете екипи никогаш во историјата се немаа сретнато во финалето во борба за пехарот во Купот. На крајот се радуваа Лацијалите после голот на Лулиќ.
РОМА - ЛАЦИО 2:1, ОСМИНАФИНАЛЕ НА КОПА ИТАЛИЈА 19 ЈАНУАРИ 2011
Во италијанскиот Куп до полуфиналето се игра еден натпревар, без реванш. Таков беше и оној во јануари 2011-та кога Рома славеше пред преполн стадион.
Резултатот го отвори Марко Бориело
Ернанес ја крена лацијалската публика во еуфорија со голот за израмнување
Голот на Фабио Симплисио којшто ја однесе Рома во четвртфиналето на Копа Италија за делириум на „Џалоросите“ на Олимпико
ЛАЦИО - РОМА 1:2, ПОЛУФИНАЛЕ НА КУП, ПРВ НАТПРЕВАР, 5 ФЕВРУАРИ 2003
Лацијалската Курва Норд се наполни до последно место и громогласно ги бодреше играчите. Но на теренот друга песна, Рома доминираше и на крајот се пласираше во финале со 2:1.
Светоста на дербито во Рим секогаш била одбележана со кореографиите. Навивачите на Рома направија одлична бакљада на мечот од Купот во 2003-та.
Полуфиналето на Купот тогаш го одбележи сјајниот Антонио Касано
На 2:0 зголеми Бразилецот Емерсон
Стефано Фиоре го затвори мечот со гол за 2-1 пред реваншот
РОМА - ЛАЦИО 1:0, РЕВАНШ ВО КУПОТ, 16 АПРИЛ 2003
’РИМ ОСТАНУВА АНТИ-ЛАЦИЈАЛСКИ’, гласеше паролата на навивачите на Рома упатена до комшшите од другата страна.
Шалови, знамиња, дресови.. Навивачите на Лацио ’Иридучибили’ и покрај поразот во првиот наптревар, во огромен број дојдоа да му пружат поддршка на клубот.
Актуелниот тренер на Милан, тогаш напаѓач на Рома, ’Авиончето’ Винченцо Монтела беше ’кобен’ по ривалот
ЛАЦИО - РОМА 4:1, ЧЕТВРТФИНАЛЕ НА КОПА ИТАЛИЈА, ПРВ НАТПРЕВАР, 6 ЈАНУАРИ 1998
Курва Норд цела во сино.
Курва Суд обоена во препознатливите бои
Пред 19 години Лацио и Рома одиграа спектакуларни два меча во Купот. Тогаш Лацио доминираше со головите на Југовиќ, Бокшиќ, Диего Фузер и Манчини, а за Рома почесен гол даде Аргентинецот Абел Балбо.
РОМА - ЛАЦИО 1:2, РЕВАНШ ВО КОПА ИТАЛИЈА 21 ЈАНУАРИ 1998
Лацио беше толку надмоќен таа сезона што по првиот триумф од 4:1, славеше и во реваншот пред условно домаќинот Рома со 1:2. Головите ги дадоа Југовиќ од пенал, израмни исто од пенал Пауло Серџо а Гуерино Готардо го даде единствениот гол за 9-годишен престој во Лацио за големо славје на Курва Норд и пласман во полуфиналето.