Во летото 2016-та допинг контролата открила кај фудбалерот Марко Рус сомнителен пораст на хормоните за раст во крвта.
Брзо станало јасно дека капитенот на Ајнтрахт Франкфурт има рак на тестисите. Дури и по сознанието за дијагнозата, Рус лани реши да ја доигра сезоната во која останаа уште две кола но беа многу значајни за клубот во борбата за опстанок во Бундеслигата.
Детето на Ајнтрахт и главен играч на екипата едноставно не можел да ги пропушти средбите. Го одигра едниот меч, а вториот мораше да го пропушти поради суспензија од жолти картони.
За следното излегување на терен мораше да чека скоро година дена. После неколку хемотерапии лекарите му дале дозвола да се врати во фудбалот. И на 28 февруари Марко Рус првпат се појави на мечот во Купот против Арминија Билефелд кога влезе во последната минута од клупата за резерви.