Тимот на Палермо кој ќе беше конкурентен за Скудето

Маурицио Ѕампарини и официјално се повлекува од Палермо, а од неговиот 15 годишен престој освен тренерските смени како чорапи, ќе се паметат и сите оние квалитетни фудбалски имиња кои ги имаше на располагање. Кој знае колку ќе беше силен тимот од Сицилија ако ги сочуваше овие играчишта.

Скоро сите 11 играчи кои денеска би го краселе првиот тим на Палермо сега играат во големи клубови и дел од нив се полнат со трофеи. Ако Ѕампарини одолееше на понудите за нив и се решеше да ги задржи, дефинитивно конкуренцијата во борбата за Скудетото во Серија А ќе беше поголема.

ГОЛМАН

Салваторе Сиригу (ПСЖ)

На голманската позиција ќе беше Сиригу кој во моментов не е стартер во Севиља, но четири години беше стартер во ПСЖ каде играше со голем број ѕвезди и освои 13 трофеи. Конкуренција би му биле Вивјано (Киево) и Сорентино (Сампдорија)

ОДБРАНА

Матео Дармијан (Манчестер Јунајтед)

Десната бековска позиција ќе ја завземеше Дармијан кој беше важен дел од одбраната на Палермо и кој играше во финалето од Купот на Италија. Нејасно е зошто го продадоа во Торино каде остана четири сезони и потоа доби повик од Манчестер Јунајтед.

Андреа Барцаљи (Јувентус)

Незаменлив на стоперската позиција се разбира еден од столбовите на одбраната на Јувентус каде освои 10 трофеи, а претходно заигра во Бундеслигата каде ја освои титулата со Волфсбург.

Камел Глик (Севиља)

Заедно со Дармијан во Торино замина и полскиот репрезентативец глик. Таму стана важен дел од тимот и незаменлив пет сезони, а потоа како капитен за 10 милиони евра минатата година го продадоа во Монако.

Емерсон Палмиери (Рома)

Ако се прашувате од каде изникна тоа бекчето на Рома по име Емерсон, да знаете дека има само 22 години, кариерата ја почна во Сантос, па потоа од Палермо пристигна во Рим. Со оглед на тоа што Фабио Гросо и Федерико Балѕарети се во пензија, левака бековска позиција е резервирана за него.

СРЕДЕН РЕД

Хавиер Пасторе (ПСЖ)

Во среден ред и напад конкуренцијата е голема, па затоа во оваа офанзивна формација Пасторе би играл лево крило. Во ПСЖ трофеите ги освојуваа заедно со Сиригу.

Франко Васкез (Севиља)

Последен играч во средниот ред би играл Васкез кој четири години беше дел од Палермо, а од минатата година е член на Севиља.

Јосип Иличиќ (Фиорентина)

Еден од главните играчи во навалата на Фиорентина од 2013-та е словенечкиот репрезентативец Иличиќ кој со Пасторе беа многу важни играчи во Палермо.

НАПАД

Пауло Дибала (Јувентус)

Во нападот составен од тројца влегува играчот кој игра во топ форма за Јувентус и кој го следат Барселона и Реал Мадрид. Има само 23 години и му престои блескава иднина, а Ѕампарини пред две години му извади 32 милиони евра.

Андреа Белоти (Торино)

Не е техничар како Дибала, ама е роден голгетер, негов врсник и еден од најдобрите напаѓачи во Италија кој заслужено си го заработи репрезентативниот дрес. Торино го засили во 2015-та и заедно со Џеко и Игуаин ја дели првата позиција на листа на стрелци во Серија А.

Единсон Кавани (ПСЖ)

Нема подобар начин за да се заокружи овој замислен тим на Палермо. Кавани го напушти Палермо во 2010-та за сума од 17 милиони евра, а Наполитанците по три години му го продадоа на ПСЖ за 64 милиони евра. Се искина од давање голови и во Наполи и во ПСЖ каде има уште позначајна улога по заминувањето на Ибрахимовиќ.

Формациски страшниот состав на Палермо би изгледал вака:

1 март 2017 - 11:52