Offside

Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.

Во израмнет натпревар Систина и ЈСП ги поделија бодовите

Екипите на Трансмет и Рамстор стигнаа до победи во третиот ден од 20. коло од Бизнис лигата, а Систина и ЈСП одиграа без победник.

Што сè преживеал Роберт Левандовски во раната младост

Лузната кај горната усна му стои од четири години кога паднал по скали со чаша сок. После неколку години скршил нога, неправилно му зараснала, па морал одново под анестезија. Бурната младост без татко го направила посилен и еден од најдобрите европски напаѓачи.

И Борусија Дортмунд си има свој Штербик

Баерн Минхен имаше 2:1 на полувремето од полуфиналниот дуел во германскиот Куп против Борусија Дортмунд, а на крајот беше елиминиран. Тие што го гледале преносот, во 65 минута веќе си рачунале дека е 3:1 за Баерн, арно ама...

Камп Ноу го прослави голот во стилот на Лионел

Откако го даде победничкиот гол во ел Класико, Меси го прослави така што соблече дресот и го крена во вис. Синоќа неговиот гест го повторија навивачите на Барса на мечот против Осасуна каде Меси даде 2 гола (7-1).

Најдобриот гол на Меси на Ел Класико

27 април 2011-та, Ел Класико, полуфинале ЛШ на Бернабеу. Меси проигрува со Бускетс, a овој му ја остава во стил прај што ќе правиш знам дека си најјак. Следува слалом за сите пари каде и Јеро да им беше во одбрана, џабе.

Специјални детски честитки за 500-ка на Меси

Лионел Меси не може глава да крене од честитки по Ел Класико. За голот број 500 прво му честитаа колегите, а сега и децата од 16-те Ескола кампови на Барселона распрскани низ светот. Некои од нив смислија и кореографија.

Чудесен потег на Роналдо на тренинг

На последниот тренинг пред гостувањето во Ла Коруња, Кристијано Роналдо за време на една шева на тренинг направи надреален потег.

Роналдо, Јувентус и тој проклет пенал во борба за Скудетото

Пеналите во корист на Јувентус во она старо време на газда Ањели и Моџи секогаш беа жешка тема за дебатирање во најубавите денови на Серија А. Еден незаборавен и контроверзен натпревар се одигра на денешен ден пред точно 19 години. Роналдо не доби пенал за разлика од Дел Пјеро, а Морати го напушти порано Деле Алпи.

Како дедо му на Марсело ја продал колата за внук му да стане фудбалер

До 12 години играл фудбал по плажите во Рио но немал намера да стане фудбалер. Повеќе сакал да тргне по стапките на татко му кој бил пожарникар, но со тоа не се сложил дедо му кој го насочил на прав пат.

Судија ти си цар над царевите

Колку пати сте виделе ситуација кога топката случајно ќе удри во судијата и ќе го смени правецот на акцијата? Се случува чат пат, ама ако го имате овој судија-гимнастичар од САД кој по физичко секогаш имал петка, тоа дефинитивно нема да се случува. Ова треба да го вежбаат оние кои судат бокс.

Најчудните работи за тренерите и фудбалерите на Википедија

Да заиграш во Премиер лига и во Серија А и да ги лажеш твоите дома дека те киднапирале во Тајланд за да им земеш пари треба стварно да си глуп. Епа таков е Нсереко и затоа сега игра во Литванија.

Реал суспендира 357 сезонски поради продажба на навивачи на Барса

За време на Ел Класико на Бернабеу секогаш имало навивачи на Барса по сите сектори, а ние ги приметуваме кога режијата ќе ги улови со дрес или шал. Овојпат беа многу повеќе и тоа по места резервирани за сезонци на Реал со сезонски билет кои решиле да заработат.

Најциркузантскиот гол во историјата на Манчестер Јунајтед

Сè што треба да знаете за најшарлатанскиот гол на Јунајтед го имате во ова видео. Се работи за дуел од 91-ва одигран против Шефилд Јунајтед. На снимката го има и Гигс, а овие во одбрана не знаат кај тераат. Да не паднеше голов ќе требаше да го измислат.

Голман погоди од гол на гол во Боливија

Лидерот во Боливија, тимот на Боливар едвај ги одбиваше нападите на Сан Хозе во финишот, при резултат 2:1, па голманот Дитуро реши да стави крај на мечот.

Нова феноменална преработка на навивачите на Сан Лоренцо

Навивачките групи од цел свет може да се тегнат на тема: клуб, религија, вера, бои, политичка определба и слично. Но во едно се единствени - Аргентинците од Сан Лоренцо ги имаат најубавите преработки на песни. Овојпат ја фатија Wonderwal од Oasis.

Како балкански фудбалер води навивачка група во Италија

Стипе Перица е младински репрезентативец на Хрватска кој ја игра првата сезона за Удинезе. Готово, со овој потег тој веќе ги купи навивачите кои нема да го остават на раат кога ќе се шета низ град.

Што е заедничко за Бојан и Обафеми Мартинс

Шпанецот со српско потекло кој е позајмен од Стоук во Мајнц, викендов му даде гол на Баерн Минхен и стана само седмиот фудбалер во историјата кој постигнувал голови во најдобрите 4 европски лиги. Кои се останатите?

Лукоил во финишот го скрши отпорот на Македонски Tелеком

Екипите на Пекабеско, НЛБ Банка и Лукоил се победници во првиот ден од 20. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Важно е да се учествува

Сте слушнале ли за екипата на Профондевил? 100% немате чуено бидејќи се дел од аматерска лига во Белгија, ама што учинок држат не се ни за таму. Овие или собираат играчи кого стигнат од улица или немаат голман, трето нема.

Канте - детето кое можеше да трча маратон па да игра фудбал

Кога првпат дошол во Лестер, сакал на тренинг да тргне пешки, но му кажале дека не доликува на Премиерлигашки фудбалер да оди пешки затоа што ќе го тормозат по улица. Во Кан додека сите возеле бесни Ферарија, Нголо Канте возел веспа. Денес е најдобар играч во Англија.

Патот на Мончи до Рома во 10 фотографии

Од резервен голман кој немал пари за асален саат, Рамон Родригез Мончи стана еден од најбараните спортски директори во светот кој на Севиља и донесе 9 трофеи. За влакно не ја послуша жена му да си заминат од Севиља, одлука по која можеби немаше да биде тоа што е денеска.

Столе Стоилов: Време е за тој Фајнал Фор

Како никогаш досега ракометарите на Вардар имаат одлична шанса за пласман на Ф4, откако од Германија во Скопје донесоа +2 гола предност пред реваншот со Флензбург.

Автоголот кој засекогаш ќе остане во топ 10

Некои автоголови едноставно не се повторуваат. Англичаните денеска се сеќаваат на Џејми Полок кој пред точно 19 години буквално си го закопа. Сè е тука одлично фудбалски изработено, само проблемот е што голманот не е едно два корака поназад.